Промовирани огласи »

Се враќаме ли чекор назад кога е во прашање електронското општество ? Последните информации говорат за тоа дека старите здравствени легитамации се враќаат во оптек. Така наречените здравствени книшки повторно се бараат од пациентите со цел препишување на рецепти, терапија за лекување. Ова го тврдат дел од докторите кои упатуваат граѓаните сите свои поплаки и жалби да ги упатат кон институциите а не кон ординациите. 

„Почитувани пациенти,

Со писмен допис ни е повторно наложено да пишуваме во хартиените здравствени легитимации т. н. книшки.
Доколку немате книшка, набавете итно и заверете си ја веднаш бидејќи без неа не смееме да ви препишеме рецепти.
Терапија хронична за повеќе месеци однапред станува невозможна мисија!

За сите застои и гужви во иднина, предизвикани од овој уназадувачки и нерационален потег, однапред ве известувам да се жалите во институциите, не кај нас во ординации! “ - напиша доктор Ненад Лазаров на својот ФБ - профил. 

Промовирани огласи »

Електрани на Северна Македонија, односно поранешно АД ЕЛЕМ, ќе биде субјектот кој ќе дава до 60.000 денари, односно целосно ќе ги исплаќа купените инвертер клими во трите најзагадени градови во Македонија - Скопје, Битола и Тетово.

Ова го потврди директорот на компанијата Васко Ковачески, кој вели дека проектот е во самиот почеток и дека за оваа мерка ќе биде потребно да се издвојат од 3 до 4 милиони денари.

Според тоа, жителите ке треба да ги заменат печките на дрва, а тоа би било целосно бесплатно со инвертер клими до илјада евра.

Владата пред речиси две недели најави субвенции за инвертер клими. До стартот на грејната сезона има нешто повеќе од еден месец.

Промовирани огласи »

Две децении градеше империја која денес е вредна 460 милијарди долари а денес светот слушна шокантна вест од него.

Основачот на Алибаба и милијардер Џек Ма заминува од челната позиција на компанијата.

Како што пренесоа светските медиуми, Ма целосно ќе и се посвети на филантропијата, а неговото место на извршен претседател ќе го земе досегашниот извршен директор на Алибаба Даниел Чанг, пренесе БиБиСи.

Си голема прослава Ма своето заминување во пензија ќе го обележи во градот Хангџоу каде што и се наоѓа седиштето на неговата фирма.

Во јавноста Џек Ма е познат како човек кој направил пари за уште 10 животи но и по изјавите дека Луѓето треба да работат три дена во неделата, четири часа дневно.

-Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформите во образовните системи-рекол коосновачот на Алибаба Груп Холдинг на глобалната конфернција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.

Чек Ма од Самитот во Давос во јануари годинава предупреди дека светот се лизга кон трета светска војна.

При една прилика богатиот кинез рече и дека машините имаат чип, но луѓето имаат срце.

„Во бизнисот, никогаш не би требало да се грижите за конкуренција, никогаш не грижете се поради притисок. Ако се грижите за притисок , немојте да бидете бизнисмен. Денес е голема работа сите да се грижат за се“ .-Џек Ма

Сите бесплатни поуки од најбогатиот човек во светот ви ги пренесуваме БЕСПЛАТНО и тоа овде.

Промовирани огласи »

Поевтинува 95 октанскиот бензин за половина денар, 98 октанскиот ќе се продава по иста цена а Дизелот од полноќ ќе биде поскап за 0,5 денари.

Ваква одлука утрово објави Регулаторната комисија за енергетика на својата веб страна.

Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС95 од полноќ ќе се продава за 66,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР БС(*98 останува по цена од 69 денари за еден литар додека ДИЗЕЛОТ ќе чини 51,5 денари за еден литар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »