Промовирани огласи »

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рекол дека Европа би требало да ја разгледа својата јавна дигитална валута која би можела да ја предизвика либрата на Фејсбук.

Oва е последна во низата дилеми во врска со плановите на криптовалутата на Фејсбук за која јавно полемирал францускиот министер, пренесе Ројтерс.

На состанокот со министрите за финансии на ЕУ во Хелсинки, Ле Мер им рекол на новинарите дека следниот месец со своите колеги на континентот ќе разговараат за потенцијалот на европската јавна дигитална валута.

Ле Мер го повика европскиот блок да продолжи со својата работа на намалување на трошоците за прекугранични плаќања.

Како што напоменува Ројтерс, плаќањата во реално време во Еврозоната се достапни од 2017 година, но во шемата учествувале само половина од банките во блокот. Како и да е , проектот моментно во голема мера е фокусиран на домашната исплата.

Промовирани огласи »

Пронајдокот на неколкумина македонски студенти, велосипед со тркало кое го чисти воздухот, освои златен медал на меѓународната изложба во јужнокрејскиот град Сеул.

– Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја, објавија на Фејсбук од Машинскиот факултет во Скопје.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е остварен заедно со вонредниот професор д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов. Меѓународната изложба  „KIWIE 2019“ се одржа во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и со поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.

Станува збор за велосипед на батерии кој има вградено проактивни филтри. Тие ги заробуваат штетните честички со самото ротирање на тркалата. Ова треба да биде еден чекор плус во креирањето на нов еколошки систем на градскиот транспорт.

Промовирани огласи »

Минималец од 14.000 денари е црвена линија која не смее да се надмине. Но прво да заживее мерката субвенционирање на придонесите, па потоа да се зголеми минималната плата. Ова е ставот на Организацијата на работодавачи ,кои велат дека и со оваа сума, дел  од фирмите ќе имаат проблем, но е далеку поприфатлива отколку ветувањето на премиерот за 15.16.000 денари минималец до 2020 година. Признаваат дека имале притисоци од владата  за покачување на платите,но без субвенционирање на придонесите, зголемувањето не е можно. 

Од друга страна сме свесни дека зголемувањето на платите е поради недостигот на работна сила, но дел од фирмите, особено во трудо интензивните дејности се најдоа во една незгодна ситуација, бидејќи немаат моќ, ниските цени што ги добиваат од странство и продуктивноста што  ја имаат,не им дозволува некое драстично зголемување на платите. Ова ќе беше страшна мерка, ако не се воведеше  субвенционирање на придонесите за зголемување на платите, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Синдикатот и владата се согласни за минималец од 14 илјади денари, но дел од работодавачите не  прифаќале, затоа што финансискиот товар би бил превисок и ќе морале да стават клуч на врата. Сега Димитров вели, ако мерката за субвенционирање, каде владата ќе го плати пензиското и здравствено осигурување, освен персоналецот, стартува од 1 октомври, работниците би добиле повисок минималец со ноемвриската исплата.

Тоa значи од 10 до 15 декември , кога се исплаќа ноемвриската плата, вработените ќе имаат зголемена минимална плата, додава Димитров

Ветувањето на владата е постепено зголемување на минималата плата до крајот на мандатот,односно до наредната година на 16,000 денари. Инаку, во моментов најнисика минимална плата од 210 евра има кај нас и во Албанија.

Промовирани огласи »

British American Tobacco ги повикува сите студенти и оние кои дипломирале до пред една година, да презентираат идеја за производ и бизнис план кој има потенцијал да стане комерцијално успешен, а преку кој ќе добијат можност за шестмесечна платена пракса во преку 40 земји низ светот: https://kariera.mk/job/fT4PAG1tQkOXbPf4kLTcuQ/battle-of-minds

Medikal Pharmacy нуди високи месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати и е во потрага по ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ и ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР:  https://kariera.mk/job/DeunSAv680qakAZJgfG19A/diplomiran-farmacevt-farmacevtski-tehnichar

Почетна нето плата од 18.000 денари + бонуси за тест период и плата од 28.000 денари + бонуси после 3 месечниот тест период. Causal Capital има потреба од АГЕНТ ЗА ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА / ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР: https://kariera.mk/job/CY361ZoPVEKsfmrksBTAcQ/agent-za-telefonska-prodazhba-proekten-menadjer

Евротип - спортски обложувалници со отворено работно место за ОПЕРАТОРИ во ВИНИЦА: https://kariera.mk/job/PlvaQzuMlkaJLIMexmKRtA/operatori-za-vinica

Компанијата xSoft има потреба од проширување на тимот со ВЕБ ДИЗАЈНЕР: https://kariera.mk/job/iiGWslBTLUCcAs8xFP7ZDA/veb-dizajner

Стиг комуникации инвест - специјализирана компанија за Интернет Маркетинг сервиси и развој на Веб решенија нуди можност за нови вработувања во одделот за Маркетинг: https://kariera.mk/job/5WGhSTkNDk2I6dXu8KUGCw/senior-specijalist-za-internet-marketing

Доколку сте амбициозни и сакате да патувате, станете дел од тимот на Diplomatic travel service и работете како РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ: https://kariera.mk/job/EaGzZ-4SPE-u0ojMb4ftOA/referent-za-prodazhba-na-turistichki-aranzhmani

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »