Промовирани огласи »

Хрватска ја доби првата каса за плаќање со криптовалути.

Ова значи дека фактурите за производи и услуги ќе можат да се плаќаат со криптовалути, иако тие се издадени во хрватски куни. Постапката за плаќање е исклучително едноставна и вклучува скенирање на QR-кодот со дигитален паричник на мобилен телефон, проследено со трансфер на средства од дигиталниот паричник на сметката на компанијата со автоматска конверзија во куни, пренесе Банкарство.

Оваа новина се должи на загрепската софтверска компанија Неоинфо, која го разви Адео ПОС благајничкиот софтвер и компанија од Вараждин специјализирана за обезбедување услуги на криптовалутниот пазар ФИМА Плус, која преку својот систем ФИМА Плеј обработува криптовалути и делува како берза за криптовалути. Тековно прифатените криптовалути се готовина од биткоин, лајткоин, етериум и други. Оваа дополнителна опција не носи дополнителни трошоци за клиентите на Adeo POS, а касата веќе ги поддржа вообичаените начини на плаќање користејќи готовина и картички, но исто така и помодерни начини за плаќање како Google Pay, Apple Pay, Garmin Pay и апликацијата Settle mobile.

ФИМА Плус посочува дека дигиталната трансформација на економијата стана секојдневие и оти гледаат простор за напредок. Крипто-пазарот, како дел од дигитализацијата на финансискиот пазар и платниот систем, станува сè по регулиран, поголем и подостапен за луѓето секој ден. ФИМА Плус и Неоинфо заедно работат на ова. Од самиот почеток, ФИМА Плус се стреми да го донесе дигиталниот пазар за криптокорисници што е можно поблиску до пошироката јавност без премногу компликации. Производ на ова е FIMA Pay, услуга дизајнирана во соработка со словенечката компанија Limitlex, која овозможува плаќање во криптовалути.

Промовирани огласи »

„Како одговорна партија посветени сме на спроведување мерки што обезбедуваат подобри услови за младите и намалување на младинската невработеност.

Последни во низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои се обезбедува преквалификација на 1.253 невработени млади лица.

Целта на мерката е да се надградат вештините на невработените млади до 34 години во област која моментално е атрактивна на пазарот за труд и која нуди доброплатени работни места“, рече Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

„За оваа мерка обезбедени се 35.1 милион денари за ИТ обуки годинава, што е неколкукратно зголемување во однос на претходната година кога беа издвоени 8.5 милиони денари.

Според официјалните податоци, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за ИТ компании кои се повеќе инвестираат и пружаат можности младите брзо да најдат вработување или да отворат сопствен бизнис.

Покрај ова, со ребаланс на буџетот, обезбедивме дополнително 200 милиони денари за активни политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите, за тие својата иднина да ја гледаат овде, во својата татковина“, изјави Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

Промовирани огласи »

Мерката „МojДДВ” со која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот ДДВ и со тоа влијаат кон адресирање на сивата економија е еден од неколкуте проекти на мојата агенда. Во следниот период ќе се работи на унапредување на решението (самата мерка и мобилната апликација)“, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Ќе бидат имплементирани подобрувања и се планираат нови функционалности, затоа ве поканувам да учествувате со коментари, сугестии и критики како од аспект на корисници на мерката, така и од професионален аспект.

Мерката е популарна помеѓу граѓаните, наплатата на ДДВ се зголемува а граѓаните го остваруваат правото на поврат на 15% од нивното ДДВ на скенираните сметки што е дел од Владината програма “Пари назад кај граѓаните”. Исплатата за првиот квартал од лансирањето (јули-септември) ќе се реализира во месец декември.

Бидејќи “секогаш се’ може подобро” и притоа земајќи ги предвид сите досегашно апсолвирани коментари од пријатели и соработници околу мене (вклучително моите како корисник на “МојДДВ” и од професионален аспект) сакам да ве поканам да придонесете и активно да учествувате со споделување на вашите сугестии и предлози кои ќе бидат предмет на разгледување од страна на работната група која ќе работи на формирање на барањата за промени (анг. change requests).

Во прилог се неколку статистики:

  • Мобилната апликација до сега има 196К инсталации (85% Android, 25% iOS)
  • Во јули 137К граѓани скенирале 7.2М сметки со вкупна вредност на ДДВ од 59 милиони денари.
  • Во август беа скенирани 7.8М сметки со вкупна вредност на ДДВ во износ од 66 милиони денари од страна на 142К корисници.

Сите предлози се добредојдени. Детални идеи, предлози и сугестии може да испратите и на [email protected]“, додава таа.

Промовирани огласи »

Зајакнување на капацитетите на вработените во Агенцијата за вработување во посредување меѓу бизнис секторот и невработените, што треба да придонесе бизнисот полесно да дојде до квалификувана работна сила, а невработените до одржливи работни места, има за цел тридневната обука за бизнис советници во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија што почна денеска во Скопје.

Квалификувањето и дообука на вработените од Агенцијата за вработување за соработка со бизнис секторот, смета министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, е од исклучителна важност. Агенцијата има потенцијал бидејќи на е добро поставена на локално ниво односно има 30 центри, вели, но комуникацијата со бизнис секторот во минатото била слаба.
„Минатата година оперативниот план се правеше токму преку регионални средби и на локално ниво на средбни на центрите на Агенцијата и бизнис секторот при што утврдивме дека тие мерки кои беа креирани заедно со бизнис секторот дадоа многу поголеми резултати. Обучени вработени кои знаат да пристапат на бизнис секторот како да ги проценат потребите со цел поголемо ввработување или зголемување на вработливоста на граѓаните на локално ниво преку одредени мерки, ќе даде поголема успешност и кон опслужување на бизнис секторот со капацитет и кадар, но и ќе го намали бројот на невработени лица“, рече Царовска.
Директорката на АВРМ Билјана Јовановска смета дека посредувањето меѓу невработените и бизнис секторот е една од најважните услуги што ги нуди Агенцијата.
„Таа услуга сакаме да ја унапредиме преку тоа што нашите колеги непосредно ќе комунициираат секојдневно со работодавачите и стопанството. Наоѓањето на соодветна квалификувана работна сила за потребите на работодавачот е нешто што е многу важно во овој момент и што е важно за целиот систем и за стопанството и за граѓаните воопшто“, рече Јовановска.
Нарине Сахакијан, постојана претставничка на УНДП, го дели ставот дека оваа обука треба да и помогне на Агенцијата да ги разбере потребите на работодавачите, а на барателите на работа особено ранливите групи граѓани, да најдат работа која што ќе можат да ја задржат.
Обуката, додаде таа, ќе остручи 50 лица во 30-те центри на Агенцијата, кои потоа ќе бидат способни да ги сфатат потребите на работодавачите, а на невработените да им помогнат да најдат одржлива работа.
Стефано Томажиан, од Амбасадата на Швајцарија, вели дека е фрустрирачка состојбата во земјава што од една страна работодавачите не можат да најдат потребна и квалификувана работна сила, а невработените пак не можат да најдат пристојна работа.
Затоа, вели, Швајцарската амбасада помага работодавачите да креираат пристојни работни места, невработените да се квалификуваат, преквалификуваат и дообучуваат, и како што рече, во креирање на врски меѓу бисносот и невработените за да се спојат понудата и побарувачката на пазарот на труд.
Обуките се поддржани од УНДП и Швајцарската амбасада во земјава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »