Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија, најниски плати се во секторот рибарството и аквакултурата, каде просечна бруто плата им е 16.933 денари, па следуваат вработените во индустријата за производство на кожа со 17.078, луѓето кои работат на одржување на згради/животна средина/природа со 19.707 и луѓето вработени во производство на мебел со 19.982 денари.

За споредба најплатените професии во Македонија се компјутерско програмирање со бруто плата од 74 971, правни и сметководствени дејности со 68 481, воздушен сообраќај 63 469 и фармација со 62 786 денари.

Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7.9%, во железничкиот превоз за 46.6%, во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5.2%.

Во однос на второто тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0.9%, во градско-приградскиот превоз е намален за 22.4%, во железничкиот превоз за 2.9%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23.3%.

Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72.0%, во железничкиот превоз за 3.8%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23.3 %.

Во однос на второто тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20.5%, во воздухопловниот превоз за 20.7%, додека во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44.4%.

Промовирани огласи »

За десет дена од почетокот на откупот на тутунот, кој почна на 15 ноември, четири откупувачи заклучно со вчера преземаа 1.582 тона од годинашната реколта. Kако што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просечната откупна цена е 186,50 денари за килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 34,91 отсто или досега се исплатени 103 милиони денари.

Според првичните процени, се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември - информира Министерството.

Промовирани огласи »

Британски стартап направи џебен дрон наречен ЕрСелфи (AirSelfie), што може да се носи и во џеб. Кога корисникот сака да сними фотографии или селфи видео, ЕрСелфи го управува со виртуелен џојстик. Дронот тежи 52 грама и може да лета на висина до 20 метри, во траење од три минути.

Дронот е опремен со камера од 5 мегапиксели, којашто снима ХД видео, а со него доаѓа и картичка од 4 гигабајта. По снимањето на фотографија или видео дронот слетува во рацете на корисникот, а снимената содржина преку ВиФи се пренесува на телефонот.

Првично, дронот ќе чини нешто помалку од 200 евра, а на пазарот би требало да се најде во март 2017.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »