Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7.9%, во железничкиот превоз за 46.6%, во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5.2%.
Во однос на второто тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0.9%, во градско-приградскиот превоз е намален за 22.4%, во железничкиот превоз за 2.9%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23.3%.
Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72.0%, во железничкиот превоз за 3.8%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23.3 %.
Во однос на второто тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20.5%, во воздухопловниот превоз за 20.7%, додека во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44.4%.