Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје денес ќе носи одлука за тоа колку ќе чини цената на билетот за едно возење во скопските автобуси.

Со враќањето во употреба на билетот за една употреба најмногу корист ќе имаат граѓаните од внатрешноста но и туристите кои досега не можеа да ги користат услугите на автобусите во главниот град .

Неофицијално цената на билет за едно возење ќе чини 50 денари и ќе може да се купи во секој автобус. Истата ќе почне да се применува од ноември.

Она што исто така е новитет дека градот Скопје ги заменува кинеските автобуси со 33 нови германски еколошки автобуси.

Шилегов тврди дека со истите нема да има загадување и ќе се заштедат 700.000 евра годишно .

Парите за автобусите се обезбедени преку Договорот за користење заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра, кој беше потпишан во јануари годинава. Со тие пари плус со 1,8 милиони евра од сопствено учество на ЈСП „Скопје“ треба да се набават околу 35-те нископодни (зглобни и моно автобуси).

Промовирани огласи »

Дванаесет зглобни  и 21 единечни автобуси ќе набави Градот скопје за потребите на ЈСП Скопје со договорот што во моментот го потпишува градоначалникот со производителот МАН.

Најдоцна за седум месеци ускопјани ќе се возат во нови, нископодни автобси со капацитет од 85, односно 149 патници. Со овие автобуси на гас се заштедуваат по 25.000 евра годишно по автобус за гориво.

Промовирани огласи »

Министерката за финансии Нина Ангеловска, синоќа во Њујорк, во рамки на 74. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот.

Како што информираат од министерството за финансии, признанието и го врачил Мукиза Китуи, генерален секретар на телото за трговија, инвестиции и развој на ОН (УНКТАД).

Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

„Неискористениот потенцијал на жените ширум светот претставува голема загуба за нашите економии. Синергијата на дигиталната технологија и трансформативната моќ на претприемачкиот дух кај жените, може да придонесе кон намалување на сиромаштијата во ниско развиените земји и земјите во развој, како и забрзување на економскиот раст“, рече министерката.

Ангеловска инаку е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадор на е-трговија“. Ова признание го доби како соосновачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија.

Другите избрани „амбасадори на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико соосновачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Промовирани огласи »

Согласно договорот што го имаме со Македонски телеком на 1 ноември 2019 треба да стартува употребата на картичката „Скопска“ за единечно возење. Сега се работи тест период кој ќе изнесува 30 дена. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Шилегов нагласи дека набавката на новите 33 екоавтобуси во Скопје е добра за главниот град и за неговите жители, а не за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или другите политички партии. Смета дека во јавноста се пласираат лажни вести за оваа тема.

Соопшти дека утре е седницата на Советот на Град Скопје, а една од точките на дневниот ред е утврдување на цената на единечното возење. Според него, станува збор за класична злоба, а не неинформираност или незнаење.

Мака им е што успеавме во оваа работа. Оваа работа е добра за сите, рече Шилегов, кој ја покажа картичката „Скопска“ за единечно возење.

Прашан дали е можна промена на цената на билетот, откако ќе стигнат новите автобуси, Шилегов рече дека цената на билетот во Скопје сега е ниска и соодветна на економската моќ на нашите граѓани.

Заради таквата цена дотациите што ги прави Град Скопје секоја година од буџетот за да можеме да го одржуваме системот на јавниот транспорт е околу осум милиони евра, рече Шилегов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »