Промовирани огласи »

Државата ќе ги прекфалификува административците за приватниот сектор или компаниите ќе добиваат субвенции за преземен работник.

Министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски најави дека до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација. Со неа е предвидено да се намалува бројот на административци некаде, некаде да се зголемува, а ако е потребно и да се затворат некои институции. 

На службениците кои не ги извршуваат ефикасно своите задачи ќе им биде понуден трансфер во приватниот сектор и поголема плата, а одлуката ќе ја носат самоволно, вели Манчевски.

Според Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, новите законски измени за админситрација имаат недостатоци кои ќе треба да се корегираат. 

Промовирани огласи »

„Арцерол Митал“, фирмата која во неделата го загади Вардар со испуштање на отпадни води со хемикалии во канализациониот одвод, ќе биде казнета со забрана за дејност на погонот кој ја предизвикал хаваријата, во времетраење од 90 дена, пренесе Мета.

За ова денес информираат од Државниот инспекторат за животна средина, со напомена дека се работи за максимално времетраење на забрана за работа, предвидено со закон.

„Во овој период, субјектот има време да ги изврши потребните поправки, по што инспекцијата ќе изврши увид во сработеното“, изјавил за Мета Дарко Блинков, раководител на Секторот за поддршка, аналитика и меѓународна соработка при Државниот инспекторат.

Според Блинков, до петок ќе биде утврдено од која категорија е делото за кое е изречена овааа мерка и тогаш ќе се знае како и колку ќе биде казнет „Арцелор Митал“, поточно новото првно лице „Либерти Хаус Груп“ како нов сопственик на оваа компанија.

Максималната казна која може да ја добие компанијата, според Законот за животна средина, се движи од 70 до 100 илјади евра.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година. Јавниот повик почнува од денеска, 26 септември, и ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик, заклучно со 10 октомври, може да достави барање за поврат на средствата во висина до 50 %, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2255);
  • Фотокопија од важечка лична карта на барателот;
  • Имотен лист за објектот со адреса на подрачјето на Општина Аеродром;
  • Доказ дека е извршено купување печка на пелети, и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршување на јавниот повик;
  • Фотокопија од трансакциска сметка;
  • Потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана печката на пелети заклучно со 2018 година (оригинал);
  • Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во Општина Аеродром) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
  • до поднесување на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • објектот во кој е/ќе се инсталира печката не е во фаза на градба,
  • во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,
  • во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети нема приклучок кон градското централно греење, без оглед на тоа дали го користи.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за печки на пелети“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје денес ќе носи одлука за тоа колку ќе чини цената на билетот за едно возење во скопските автобуси.

Со враќањето во употреба на билетот за една употреба најмногу корист ќе имаат граѓаните од внатрешноста но и туристите кои досега не можеа да ги користат услугите на автобусите во главниот град .

Неофицијално цената на билет за едно возење ќе чини 50 денари и ќе може да се купи во секој автобус. Истата ќе почне да се применува од ноември.

Она што исто така е новитет дека градот Скопје ги заменува кинеските автобуси со 33 нови германски еколошки автобуси.

Шилегов тврди дека со истите нема да има загадување и ќе се заштедат 700.000 евра годишно .

Парите за автобусите се обезбедени преку Договорот за користење заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра, кој беше потпишан во јануари годинава. Со тие пари плус со 1,8 милиони евра од сопствено учество на ЈСП „Скопје“ треба да се набават околу 35-те нископодни (зглобни и моно автобуси).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »