Промовирани огласи »

Англискиот„ London Economic“ изјавил дека  запленетите биткоини (BTC) вредни пола милион фунти стерлинзи, ќе ги продава британската полиција на аукција.

Како што известуваат, средствата се одземени од криминалците кој ги понудиле своите услуги за хакирање во замена за биткоините и незаконско крадење и продавање на лични податоци. Аукциската продажба е прва ваква од овој вид во кој одземените криптовалути се продаваат во име на владата на Соединетото Кралство, се наведува во извештајот.

Покрај биткоинот, полицијата го продава имотот кој припаѓа на криминалците, вклучувајќи автомобили, дијамантски накит и луксузен часовник Ролекс.

Аукцијата со која управува ирската аукциска куќа Wilsons Auctions, започнува денеска и ќе заврши утре.

Како што е порано објавено, аукциската куќа Wilsons Auctions во март продала преку 400.000 долари запленети биткоини и други криптовалути во име на белгиската влада.

Соединетите Држави биле правата држава која започнала организирање на аукции за продажба кои се незаконско стекнати криптовалути, коои власта ги запленила во 2014-та година, а биткоините се конфискувани од пазарот на Силк Роуд.

Америкаснкиот инвеститор Тим Дрејпер победил на аукцијата на Силк Роуд во 2014-та година за 29.656 запленети биткоини, како што тогаш било објавено.

Промовирани огласи »

Десет електрични тротинет со вкупна вредност од 217 илјади денари деновиве набави градот Скопје. Договорот за набавка склучен со штипската фирма Хамачи е објавен на електронскиот систем за јавни набавки.

Техничката спецификација прикачена во прилог на договорот покажува дека градот Скопје се одлучил да набави тротинети со номинална моќност од 400w, а максимална моќност од 800w. Максималната брзина која ќе ја развиваат тротинетите е 30 километри на час.

Според најавите тие ќе бидат  ставен во функција на градската администрација. Носителот на набавката е должен во рок од 30 дена од склучување на договорот да ги достави тротинетите. 

Промовирани огласи »

Сојузот на стопанските комори денеска ќе ја промовира новата дигитална услуга, односно издавањето електронски уверенија за потекло. Услугата е наменета за извозно ориентираните компании и со неа се очекува да се забрза и да се олесни работата на компаниите.

Уверенијата им се потребни на извозно ориентираните компании како потврда за потеклото на производот при извоз. Досега овие уверенија се издаваа во хартиена форма.

На настанот се најавени обраќања на претседателката на Сојузот на стопанските комори Данела Арсовска и помошник-директорот на Царинската управа Златко Ветеровски.

Промовирани огласи »

Неработливи во администрацијата, а ќе им се нуди да работат во приватен сектор. За нив дополнително од државниот буџет ќе се плаќаат и субевнции. Владата има план за справување со бројот на државната администрација, тврдеше вчера министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски. Но нема дилема, дека концептот е малку „проблематичен“ затоа што за ослободување од вишокот ќе се плаќа и од буџетот и тоа по разни основи.

Владата ќе нуди три пакети - едниот е административците кои не биле исполнителни да одат во приватни компании за поголеми плати, а државата да им ги субвенционира на работодавачите придонесите на плата. Не се прецизира за колкав период е оваа бенефиција. Другиот концепт е државата да плаќа за преквалификација на овие работени, што повторно е трошок за државниот буџет.

Тие што нема да покажат резултати ќе добијат отказ? Не, тоа значи дека ќе треба да бидат поместени ако се на раководно место или да размислуваме за трансферот во приватниот сектор. Не може ништо да не се случува, а да чекаме нешто да се промени. Затоа во различни ситуации ќе има различни мерки, рече министерот за администрација Дамјан Манчевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »