Промовирани огласи »

Членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, се најбогати Германци, според списокот на списанието „Менаџер“.

Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“.

Секоја година, весникот објавува список со 1001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании.

Семејството Рајман и нивната компанија ЈАБ холдинг стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс Дув Егбертс“ и производителот на шампони „Вела“.

На второ место е основачот на Лидл, Дитер Шварц, со богатство од околу 27,5 милијарди евра.

По нив следуваат акционерите на БМВ, Сузана Клатен и Стефан Квант, први на ланскиот список, со 26,5 милијарди евра.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

На градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, му се допаѓа идејата градската куќа да е на плоштад, можеби и зградата на ЕВН, па веројатно токму затоа почна да го средува партерниот дел од плоштадот пред ГТЦ.

Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме Градската куќа. Кој ќе се пријави на таа постапка, не знам – рече Шилегов на вчерашната прес-конференција.

Ми се допаѓа идејата дека Градската куќа треба да биде во централното подрачје, на плоштад. Тоа е стандард во светот. Ако беше таа локација толку атрактивна, како што се обидуваат да покажат изминативе денови опозиционерите, зошто не го подучија Сашо Мијалков да го направи таму хотелот, а на местото на „Мериот“ да ја имавме градската куќа – рече Шилегов.

Тој сепак додаде дека не знае дали ќе успеат да ја продадат Градската куќа.

Она што знаеме е дека не е местото на Градот Скопје да биде фрлен некаде на страна. Сега се наоѓаме на страна, а тоа било дефинирано како привремено решение 1965 година. Често знам да кажам дека, за жал, изминативе 30 години за Скопје немало целосна грижа. Криво ми е што неколкуте локации што беа слободни на плоштадот не беа искористени за да се направи навистина добар, репрезентативен објект за нашиот град, како што е секаде во светот, посочи Шилегов. Додаде дека така е во Софија, Тирана, Подгорица, Љубљана, каде што градските куќи уште од времето биле поставувани на централно место.

Прашан зошто Градот потрошил 3,2 милиони евра во довршување на Градската куќа кога сака да го продава, Шилегов рече дека објектот требало да се заврши бидејќи бил обврзан со договор во јавна набавка. 

Промовирани огласи »

Жичарницата од Средно Водно до Милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот.

Поточно, работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле. Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември – информираат од ЈСП-Скопје.

Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.

Промовирани огласи »

Авио-компанијата „Адриа Ервејз“ објави банкрот, со што го затвори бизнисот после 58 години работа.

Во соопштението на компанијата се вели дека на 30.09.2019 година е основана стечајна постапка пред Окружниот суд во Крањ, а судот ќе донесе пресуда за побарувањето во рок од три дена.

„Адриа“ ги запре сите летови минатата недела и се обиде да го реши проблемот во рок од седум дена, но не успеа. Од Владата на Словенија претходно беше побарана еднократна помош од 4 милиони евра, но тоа беше одбиено.

Таа авиокомпанија некогаш била државна, но во 2016-та била приватизирана и продадена на германскиот фонд 4К Инвест

Покрај „Адриа“ во тековната година со работа престанаа и „Германија“, „Флајбми“, „Вау ер“ , „XL ервејс“ и последен во низата гигантот „Томас Кук“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »