Промовирани огласи »

Поттикнување на комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола и вештина за снаоѓање во различни ситуации, се само дел од целите кои се предивдени во текот на работата со деца со намалено внимание и аутистичен спектар на нарушувања, преку едукативната програма „Build-Up“ на Young Engineers со „Лего“ коцки.

Имено, Young Engineers од Скопје, Филозофскиот факултет, преку Институтот за специјална едукација и рехабилитација, како и Здружението „Во мојот свет” потпишаа Меморандум за соработка, со кој трите страни се согласуваат дека програмата „Build-Up“ ќе може да едуцира и да се применува кај деца со попреченост.

Оваа иновативна програма започнува од октомври 2019 година и ќе се следат резултатите од практикувањето на овој пристап.

– Како застапник на официјалните програми за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика со „Лего“ коцки на Young Engineers во нашата земја и прва лиценца на Балканот од 2017 година па наваму, многу ни е важно да понудиме еднаква можност за сите деца да бидат дел од оваа стимулирачка програма во нивниот развој, а особено сакаме да истакнеме дека програмите се и инклузивни. Покрај овие иницијативи, Young Engineers Скопје има и редовни програми во текот на школската година, за кои во моментов имаме отворени уписи за сите заинтересирани деца и родители кои ја препознаваат вредноста на ваквата интернационална, наградувана и статистички проверена едукација, изјави Сашка Теодосиевски, основач и директор на Young Engineers Скопје.

Според доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација од Филозофски Факултет, програмата „Build Up“ за деца со попреченост, а особено кај деца со аутистичен спектар на нарушување, може да биде корисна и во функција на подобрување на третманот.

„Лего“ коцките ги препознаваме како убава алатка во усвојување на социјални вештини градење и решавање проблеми.Специјален едукатор и рехабилитор од тимот ја помина обуката и ја спроведе едукацијата на децата опфатени со третман во центарот. Програмата „Build Up“  е одлична можност за интеракција со другите, децата учат за време на игра и низ забава. Последната фаза од програмата предвидува соработка, што е многу важна вештина кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Соработката во текот на работата со лего коцки, децата подоцна ја пресликуваат и во реална средина. Децата најдобро учат низ игра. Кај половина од децата има значително подобрување во вербалната или невербалната комуникација, истакна Станојковска-Трајковска. 

Промовирани огласи »

Како функционира израелскиот стартап еко-систем кој е убедливо еден од најдобрите во светот можеби на исто рамниште со Силиконската долина? Фактор имаше можност да почувствува дек од приказната, директно оттаму. Во Израел, особено во економското чудо Тел Авив се живее за иновации, за наоѓање нов производ или ново технолошко решение кое без оглед колку е едноставно, нуди нови пазарни можности. На берзата NASDAQ има повеќе израелски компании отколку фирми од Јапонија, Кореја и останатите топ неамерикански економии комбинирано. Државниот буџет на израелскиот Фонд за иновации со сите програми за поддршка годишно изнесува половина милијарда за инвестирање во нови компании, а од приватниот сектор годишно се влеваат десетици милијарди долари за финансирање на нови стартапи.

Во Израел постојат над 7 илјади стартапи со десетици инкубатори и акцелератори. Во берзата во Тел Авив во која повеќе не се тргува физички туку сите трансакции се дигитални, отворен е центар за иновации. Истото важи и за најголемата библиотека во Тел Авив која можеби нема посетители за да читаат книги, но затоа просторот им го нуди на млади програмери, софтвер девелопери и иноватори за да работат на нивната бизнис идеја.

Израел е стартап нација во секоја смисла на зборот, почнувајќи од идејата за формирање држава во 1948 година во сложено опкружување на блискиот исток со неодамнешен Холокауст и 6 милиони убиени Евреи во текот на втората светска војна. Но и во модерна смисла како нација на иновации и нови компании.

Терминот Startup Nation иако потекнува од книгата на Дан Сенор и Сал Сингер и се користи во последните десетина години како „евангелие“ за претприемачи, за Израелците е симбол на решителноста да се опстои како држава. Таа бурна историја со чести конфликти и војни со соседите како и одбрана од напади е директно поврзана со потребата за иновации и технолошки напредок.

Најпрво израелските „стартапи" се насочени кон одбраната и безбедноста, односно произлегуваат од армијата која мора да биде технолошки најсовремена бидејќи бројчено и вооружено е помала.

Следна примена на израелските иновации е потребата да се облагороди суровата околина во кое живее населението. Дури 75 проценти од територијата на Израел е пустина. Немањето извори на храна и неупотреблива почва создаде голем број на стартап иновации и нови технологии како системот капка по капка.

И последната круцијална етапа во израелската стартап мисија доаѓа природно во медицината. Едниот дел е практичен поттикнат од самите битки и ситуации на борбените позиции за наоѓање на брзи и ефикасни решенија за третман на болни и ранети. Затоа и не е изненадување што голем број на претприемачи се поранешни војници или припадници на израелските специјални единици.

Другиот дел е научен и ги опфаќа едни од најнапредните институти за медицина во светот. Така од Израел потекнува иновацијата стент за срце и многу други. Денес израелските научници и иноватори работат на нова генерација антибиотици кои ќе бидат во вид на таргетиран вирус за уништување само на лошите бактерии а не и на корисните бактерии во организмот. Исто така се работи и на замена на хемотерапија, пронаоѓање на лек за тек, уреди за брза дијагностика во секунда, нанотехнологија со нови медицински препарати и помагала, врвна ортопедија и оптика, како и наоѓање на третмани за Паркинс и Мултиплекс склероза.

Денес во Израел постојат над 250 акцелераторски програми кои работат на менторирање на претприемачите, поддршка за развој на нивната идеја, наоѓање на најдобар бизнис модел, комерцијализација, пристап до инвестиции и пласирање на глобален пазар. За споредба во Македонија засега функционираат акцелераторски програми кои може да се избројат на прсти.

Најдобар пример зошто израелските стартапи како еден нов вид на водење бизнис е продажбата на компании како Viber и Waze кои беа преземени за десетици милијарди долари. Израелците се горди на своите пронајдоци и се силно мотивирани и посветени да бидат пред сите други па затоа со програми за поттикнување на иновациите од најмали нозе работат со учениците.

Сепак, предизвик за Израел ќе биде интегрирањето на целото општество, особено на муслиманскиот дел кој не учествува целосно во универзитетите и економскиот напреден систем. Истото важи и за ортодоксните Евреи во Ерусалим кои ги има стотици илјади. Кај нив мажите не работат ништо, посветени се само на читање на верските книги и денот го поминуваат во молење, додека пак жените ги работат домашните обврски и заработуваат минимални плати, а имаат во просек од 8 до 10 деца. Ортодоксните Евреи не служат во војската и не придонесуваат директно во одбраната на Израел, исто така не се дел од образовниот процес, а за своите деца имаат само верски училишта без присуство на наука.

Израел ја гледа Македонија како стратешки партнер, не во смисла како пазар за голема продажба и пласман на пронајдоците, уредите и гаџетите, туку како земја која има пристап до Европа и Русија во трговска смисла. Затоа нивната порака е да се користат веќе успешни системи и примери за развој на стартап програми, особено во земја како нашата која нема природни ресурси, ограничена соработка и инвестиции со соседите и земја која мора да се потпира на човечкиот капитал, инвентивноста и истрајноста.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува во текот на наредната недела да биде формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција со топлинска енергија на новото претпријатие АД „Градски енергетски системи“, додавајќи дека ќе се намали цената на овој енергенс.

Одлуките на Советот на Град Скопје и на Акционерското собрание беа изминатиот четврток, се изработуваат, се објавуваат во јавното гласило и претставуваат правен основ да се јави „Градски енергетски системи“ пред надлежните комерцијални банки. Кога ќе се направи тоа, во текот на наредната недела очекувам дека ќе биде веќе формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција – рече Шилегов.

Градоначалникот Шилегов смета дека ќе дојде до намалување на цената на парното.

Очекувам дека ќе дојде до намалување на цената, со оглед на тоа што Градот во изминативе две години работи со една поинаква филозофија, а тоа е филозофија на добар стопанственик и на економично работење и јавни набавки во рамки на Градот. Сите постапки што сме ги воделе се во просек за дваесетина проценти поевтини во однос на минатото – вели Шилегов.

Со оглед на тоа дека во претпријатието ќе има 110 нови вработувања и дали е можен трансфер на вработени од локалната самоуправа или администрацијата, Шилегов рече дека тоа е неопходниот минимум што треба да работи во првата фаза.

Тоа е неопходниот минимум што треба да работи во делот од првата фаза, тоа е дистрибуцијата на топловодната енергија. Тоа е прашање кое тековно ќе се решава, може да се реши и од постојниот кадар кој работи во рамки на БЕГ, но и од административните кадри, иако таму е потребно повеќе стручна, а не административна работа – појасни Шилегов.

Промовирани огласи »

Само во првиот квартал од реализацијата на проектот, повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, а апликацијата „Мој ДДВ“ има над 170.000 регистрирани корисници, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, преку соопштение.

Со оваа мерка, додава СДСМ, за првпат државата враќа пари директно кај граѓаните, а средствата од повратот остварен во јули, август и септември ќе бидат исплатени до крајот на декември оваа година.

По исплатата во декември, на секои три месеци ќе следува нова тромесечна исплата, потсетува владејачката партија.

СДСМ дополнително нагласува дека продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку реализација на мерки и реформи преку кои парите се враќаат директно кај граѓаните.

извор: Makfax

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »