Промовирани огласи »

Дополнителните 30 милиони евра помош за санирање на последиците од бегалската криза во Западен Балкан, што ги одобри вчера Европската унија, треба да се користат за потребите за управување на границите и бранот мигранти, за обезбедување сместување и услуги за мигрантите и бегалците, како и за поддршка на локалните заедници.

Од Европската комисија наведоа дека овие средства се одобрени покрај 59-те милиони евра кои веќе се доделени на Македонија и на Србија од почетокот на мигрантската криза во 2015 година.

– Одобрениот пакет ќе помогне во понатамошно подобрување со управувачките капацитети кога се во прашање границите и миграцијата во регионот. Ќе овозможат продолжување на поддршката на пограничната полиција со цел контролата на границите да се спроведува со согласност со европските стандарди и со цел запирање на криумчарењето на луѓе. Средствата ќе обезбедат понатамошна поддршка за тие кои се одговорни за обезбедување на основните потреби на мигрантите и бегалците, како што е сместувањето, здравствените услуги, но и заштита, посебно на ранливите групи, се наведува во соопштението на ЕК.

Промовирани огласи »

Некои имиња на оваа листа можеби ќе ве изненадат, додека некои воопшто нема да претставуваат изненадување. „Нешнл географик“ го открива петте држави кои се сметаат за најстари на светот…

Сан Маринo

Географски, трета по ред најмала држава во Европа, според легендата основана во 301 година, кога клисарот и христијанскиот светец Свети Марин во 297 година емигрирал од далматинскиот остров Раб. Тој бегајќи од прогонот на римските цареви на врвот на планината направил манастир и капела во која се собирале христијани и луѓе кои ги делеле неговите верувања.

Папата ја признал сувереноста и независноста на Сан Марино во 1631 година, а француската држава дури под власта на Наполеон била прва земја која официјално ја признала независноста на Сан Марино. Останатите европски земји тоа го направиле во 1797 година на Виенскиот конгрес.

Народна Република Кина

Позната уште и како најбројна држава на светот, Кина е една од најстарите цивилизации на човештвото. 221 година п.н.е. често се зема за година на нејзиното основање, бидејќи таа тогаш била обединета во големо царство, а првиот кинески цар Чин Ши Хуанг прв ја обединил. По кинеската граѓанска војна завршена во 1946 година, комунистичката партија ја презела власта над главниот дел на Кина. Кинеската народна партија Куоминтангот се повлекува на Тајван кој не бил под власта на комунистите и Мао Це Тунг на 1 октомври во 1949 година ја прогласува Народна Република Кина.

Јапонија

За основач на островското царство на Далечниот исток се зема царот Џинму од 7 век пред новата ера. Сепак, западните историчари и современите јапонски историчари веруваат дека приказната за царот Џинму е легенда, иако голем дел од јапонската културна историја се темели на вистинитоста на таа приказна. Археолошките истражувања покажуваат дека луѓе во Јапонија живееле дури и во периодот на горниот палеолит.

Египет

Речиси истовремено со појавата на палеолитскиот човек во Европа, човечки траги се појавуваат и на утоката на Нил. Најстарите наоѓалишта на неолитски човек од Египер најдени се во Фајума и датираат од 4400 до 4200 година п.н.е. Археолозите нашле камени клинови и керамички чинии во фрагменти кои за разлика од други наоѓалишта од тоа време во Европа не се наоѓале на местото на нивниот настанок, туку биле донесени од Нил. Дури во неолитот, кога луѓето стануваат овчари и земјоделци, настанува и почнува историјата на Стариот Египет.

Фараонот Менес ја основал државата Египет и почнал династија на фараони која владеела со земјата над 3000 години. Големата пирамида и Сфингите останале како тестамент на историјата на древниот Египет.

Иран

На подрачјето на Иран, поточно во Белуџистан, најдени се остатоци на човечко делување уште од времето на долниот палеолит, од кои најстарите датираат и до 80.000 години. Иран е т.н. родно место на Персиското царство кое почнало со обединување на древните ирански народи – Меѓаните или Медијаците. Со археолошки истражувања најдени се докази дека Иран има многу стара цивилизациска историја и дека на таа територија биле основани градови дури пред 5.000 години.

Промовирани огласи »

Внимавајте да не ја изгребете футролата.

Повеќето корисници на ајфон по купувањето на ваков смартфон трошат уште 15-тина долари за тенко парче пластика или футрола за да го заштити апаратот.

Ако сакате подебела заштита, Louis Vuitton дизајнираше златна и футрола од крокодилска кожа што чини 5.500 долари.

Луксузната модна куќа ги претстави новите футроли за ајфон наречени Eye-Trunk.

Златните заштити се изработени во величини за моделите iPhone 7 и 7 Plus.

Цените се движат од 1.180 долари за футрола за iPhone 7 со платнена позадина и традиционалните мотиви на Louisa Vuittona, до 5.500 долари за iPhone 7 Plus футрола од крокодилска кожа.

Промовирани огласи »

Просечната цена на метар квадратен станбена површина лани изнесувала 43.091 денар, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје, просечната цена на метар квадратен била 50 829 денари што е за 3.9% помалку во споредба со 2015 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32 721 денари, што е за 1.6% помалку во  споредба со претходната година.  Просечната цена на метар квадратен површина во второто полугодие од 2016 година е намалена за 5.9% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 3.8%.  Наведените просечни цени на метар квадратен  станбена површина се без данок на додадена вредност.

Ако погледнеме години наназад, според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на квадрат станбена површина во 2014  година изнесуваше 46 505 денари, што е за 0.7% помалку во однос на 2013 година. Во Скопје, просечната цена на метар квадратен површина изнесуваше 53 878 денари што е за 1.8% помалку во споредба со 2013 година,  додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 33 505 денари, што е за 14.7% помалку во споредба со 2013 година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »