Промовирани огласи »

АД ЕСМ, подружница „Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија, пред официјалниот почеток на грејната сезона.

Парно греење од „Енергетика” денеска добија 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините и дизелот неделава се намалија за еден денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар за литар, а Еуродизелот се продава по 63,00 денари за литар.

За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалува за за 0,876 денари за килограм и изнесува 33,158 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35 отсто или за 27,50 долари за тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36 отсто или за 20,70 долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53 отсто или за 21,35 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12 отсто или за околу 16,20 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,96 денари за долар.

Утре не чека нова цена на горивата. Останува да видиме дали ќе има поскапување или намалување.

Промовирани огласи »

Поради падот на надворешната температура oд утре започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопштија од компанијата.

Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеролошки работи.

Од БЕГ апелираат потрошувачите кај кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, а пак Заедниците на станари и Управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите, како и да обезбедат напојување на топлинската станица со електрична енергија.

БЕГ информира дека  за сите неопходни информации, евентуални дефекти и проблеми со испорака на топлинска енергија од системот за централно греење со кој управува БЕГ, потрошувачите можат да се обратат до Центарот за грижа на потрошувачи.

Промовирани огласи »

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата. Вкупно на располагање за реализација на инвестиции по оваа мерка се 16,6 милиони евра. Заинтересираните  апликациите може да ги достават најдоцна до 18- ти ноември 2019 – та година. Оваа мерка овозможува инвестиции во  модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба,  сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата.


Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини со што ќе се намали руралната депопулација, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност. Преку оваа Мерка „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси го развиваме најмоќниот дел на економијата а тоа се малите и средни претпријатија кои се силата на домашната економија.- истакна министерот за земјоделство Димковски.


Димковски и Бабовски, потенцираа дека заинтересираните корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата на  овој Јавен повик треба уште при поднесување на барањето за финансиска поддршка да ги имаат сите документи кои се наведени во Упатствата за корисници. Финансиската поддршка ќе се одобри за сите целосно комплетни и соодветни барања за користење на средства во рамките на расположливите средства по мерка 7 „Диверификација на фарми и развој на мали бизниси“ а врз основа на извршена административна и контрола на лице место. Бабовски, истакна дека расте интересот за искористување на средства од ИПАРД 2 по сите мерки.
 
Преку првиот повик од ИПАРД 2 за мерките 1, 3 и 7 склучени се вкупно  947 договори, 644 апликанти ги завршиле инвестициите и  кај нив се вратени 8,1 милиони евра средства кои се свеж капитал во агро – секторот. Во моментов тече и обработката на апликациите за Мерките 1 и 3,од вториот и третиот повик на ИПАРД 2. До денеска за двете мерки  потпишани се 45 договори со вкупна вредност од 3,6 милиони евра. Во наредниот период се очекува да се склучат и договорите со сите кои се соодветни за финансиска поддршка од ИПАРД 2. До крајот на оваа година се очекува вкупно да се исплатат 11,6 милиони евра за сите целосно реализирани и исплатени проекти, – истакна директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
 
МЗШВ заедно со Платежната Агенција  во наредниот период преку сите мерки и политики ќе создаваат поволна бизнис клима за раст и развој на домашната економија, а еден од начините е токму ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД програмата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »