Промовирани огласи »

Скоро 150 илјади граѓани месечно активно скенираат 7,5 милиони сметки а првата исплата според најавите на МФ на нивни сметки ќе легне во декември. Засега задоволни од резултатите надлежните решија да ја унапредат мерката која според нив дала резултати.

Интересот на граѓаните е и причина поради кои на крајот на ноември ќе стартува наградна игра со која ќе се освојуваат парични награди.

Со фонд од 31 милион денари министерството за финансии ќе доделува парични награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво.

Условот да бидете дел од наградната игра е да барате задолжително сметки а потоа да ги скенирате.

Промовирани огласи »

Награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво ќе се доделуваат во рамки на новата наградна игра која денес ја најавија од министерството за финансии.

25 ноември ќе стартува „МојДДВ Моја Награда“ а сите награди се парични за кои фондот е 31 милион денари.

Сепак дел од оваа наградна игра ќе бидат само оние кои скениораат фискални сметки.

Првата финансиерка во дражавата Нина Ангеловска вели дека со оваа наградна игра се унапредува мерката која воочливо дала резултати.

Мрката мој ДДВ која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија . Одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елементи кои ќе влијаат на финансиската писменост-истакна Ангеловска.

Месечно граѓаните скенираат 7,5 милиони сметки а активни се 150 илјади граѓани кои скенираат.

Првата исплата ќе биде направена во декември.

Промовирани огласи »

Истражувањата на Светскиот економски форум покажаа дека фискалната криза е водечки ризик за водење бизнис на глобално ниво. Истражувањето, во кое учествуваа 13.000 деловни лидери во повеќе од 130 земји, ги наведе сајбер нападите како втор најголем предизвик.

Невработеноста  дојде на третото место и шок цените на енергијата се најдоа на четвртото место. Овие ризици имаат силни врски со социјално нарушување и придонесуваат за „неуспех на националното управување“, на петтото место и длабока социјална нестабилност, на шестото место.

Ризиците од животната средина се голем проблем во Јужна Азија, Источна Азија и Пацификот, и двата региони претрпеле разорни природни непогоди и екстремни временски настани. Социјалните предизвици се рангирани високо во евроазиската економија, водена од падот на економијата, како во Латинска Америка, така и на Карибите, каде владите продолжуваат да бараат критични социјални услуги.

Топ 10 најголеми ризици

  • Фискална криза
  • Сајбер напади
  • Невработеност
  • Потреси од цената на енергијата
  • Неуспех на националното управување
  • Длабока социјална нестабилност
  • Измама или кражба на податоци
  • Меѓудржавни конфликти
  • Критички неуспех на инфраструктурата
  • Меурчиња за недвижнини

Промовирани огласи »

На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на владата е усвоена информацијата за  организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Мерката, како што информираат од владината прес служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »