Промовирани огласи »

На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на владата е усвоена информацијата за  организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Мерката, како што информираат од владината прес служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи. 

Промовирани огласи »

Вкупно 10 милиони евра одобрува владата за набавка на клими инвертори за семејства од Тетово, Битола, Кичево и Скопје. Владата соопшти дека се одобрени по 1.000 евра за набавка на инвертери. Целта е да не се користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

За остварување на оваа мерка владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена – соопштија од Влада.

Од владата го поканиле Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на мерката.

Во меѓувреме, веќе почна грејната сезона, а граѓаните набавуваат дрва.

Промовирани огласи »

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски вчера се сретна со претставници на иницијативата „Стоп за извршителите“.

На средбата, тие во детали ја образложија ситуацијата во којашто се наоѓаат како и нивните иницијативи за разрешување на состојбите во насока на времен мораториум на извршувањето на долговите кон физички лица, ревизија на работата на извршителите, почитување на постапката на застареност на долговите согласно законот за облигациони односи и постоење на lex specialis, т.е. закон за бришење на долгови.

Претседателот Пендаровски на состанокот искажа поддршка на основното барање на иницијативата „Стоп за извршителите“, односно дека е потребно да се изнајде решение за оваа категорија на граѓани на Република Северна Македонија во најскоро можно време.

Исто така, претседателот Пендаровски се заложи дека од надлежните институции ќе побара што поскоро детално да ги разгледаат барањата на иницијативата „Стоп за извршителите“, со цел да се утврди на кој начин би се дошло до конечно решение на нивните проблеми.

Промовирани огласи »

Државните институции и оние што не се формирани од Владата треба да направат анализа, која ќе биде основа за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, рече. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој кажа дека Владата на денешната седница ги задолжила органите на државната управа и им укажала на институциите кои не се во нејзин состав да направат функционални анализи, кои ќе ги покажат главните проблеми во постојната организациска структура, по што ќе следат конкретни мерки за подобрување на работата во институциите.

„Во овој процес имаме поддршка и од Европската Унија преку ИПА проект. Резултатот од вертикалните функционални анализи ќе биде основа на дефинирањето на деталите за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор. Целта на анализата е да ги идентификува што од организациски и функционален аспект може да го отежне или попречи остварувањето на надележностите и задачите на соодветната инстутуција“, рече Манчевски.

Тоја кажа дека со анализите ќе се покаже и подготвеноста на институциите да ги спроведат потребните реформи и ќе се даде целосна слика за расположливоста со кадровски, просторни, технички и информатички ресурси, меѓу кои најважни ќе бидат човечките ресурси.

Овие анализи ќе бидат преточени во документ, а наодите и препораките ќе помогнат во редизајнирање на приоритетите и структурата на самите институции за да се подобри нивната работа. Министерството обучи 15 претставници, кои на институциите ќе им помагаат да ги направат потребните анализи, рече Манчевски.

Тој рече дека врз основа на функационалната анализа направена кај инспекциските служби бил изработен и Законот за инспекциски надзор.

Анализата покажа дека треба да има вкупно 12 инспекциски служби, од кои 11 државни инспекторати и една агенција, место досегашните 28 инспекциски служби. Околу оваа анализа и натаму ќе се дебатира во јавноста и ќе биде запознаена со деталите. Избрзани решенија на долг рок може да предизвикаат дополнителни проблеми, рече Манчевски.

Тој кажа дека анализите ќе ги прават самите институции, а крајниот предлог за новата организациска поставеност на институциите треба да ја дадат меѓународни експерти, кои се вклучени со ИПА проектот.

Очекуваме на почетокот на следната година да понудиме трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор, секако останува да ги консултираме стопанските комори, синдикатите, рече Манчевски.

Вакви анализи веќе се направени во Министерството за информатичко општетство и администрација и во Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »