Промовирани огласи »

Во земјите од регионов најниска минимална плата земаат работниците во Македонија, или 203 евра. Според последните податоци, минималецот во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора неодамна минималецот е зголемен на 222 евра, пишуваат балканските медиуми.

Во Србија најниската плата во моментов изнесува околу 230 евра, но следната година се очекува зголемување за 11 отсто, па од први јануари минималецот во Србија ќе се зголеми на 255 евра.

Поранешните југословенски земји, кои добија членство во Европската унија, како што се Хрватска и Словенија, имаат значително поголеми минимални плати.

Хрватските работници можат да заработат најмалку 405 евра месечно, додека во Словенија минималецот значително ја надминува просечната плата во повеќето земји од регионот и изнесува 667 евра.

Промовирани огласи »

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово.

Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.

Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина „На прав пат“, што се одржа во Куманово.

Промовирани огласи »

Во пензија со 64 години. Нема продолжување до 67 години со избор како досега туку ќе се ослободува место на младите да работат.

Ова е најавата на премиерот Зоран Заев кој посочи дека се носи нов закон, пренесоа дел од медиумите повикувајќи се на изјава од претседателот на Владата дадена за време на трибина во Куманово.

Законот, како што потенцирал Заев е пуштен во процедура а тоа значи дека наместо досега со избор до 67 години, пуштиле закон со кој ќе се оди во пензија на 64 години.

Ова како што истакна премиерот е да се ослободат места за младите луѓе.

Промовирани огласи »

Во скопската Зоолошка градина денеска почна да се гради првиот Дино парк - тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци. 

Ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа, очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која ќе ја збогати туристичката понуда во Скопје. За изградбата на овој парк предвидени се околу 20 милиони денари распоредени во 2 буџетски години. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот со секаков вид содржини кои во минатото му недостигаа, пред се со содржини за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти и во економијата – рече денеска градоначалникот Шилегов, на презентацијата на проектот за новиот Дино парк.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи - патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »