Промовирани огласи »

Во скопската Зоолошка градина денеска почна да се гради првиот Дино парк - тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци. 

Ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа, очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која ќе ја збогати туристичката понуда во Скопје. За изградбата на овој парк предвидени се околу 20 милиони денари распоредени во 2 буџетски години. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот со секаков вид содржини кои во минатото му недостигаа, пред се со содржини за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти и во економијата – рече денеска градоначалникот Шилегов, на презентацијата на проектот за новиот Дино парк.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи - патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново.

Промовирани огласи »

Повеќе од десет години, Пунктот за бездомници во Момин Поток е единственото место каде 180 бездомници регистрирани во дата базата на Црвениот крст на Град Скопје можат да добијат медицински, хигиенски и берберски услуги.

Овие услуги секои среда и петок надополнети со топол оброк и менување на нечистата облека, на дневна основа ги добиваат 90 бездомни лица.

Светскиот ден на бездомништвото денеска со свечен ручек го одбележаа 90 бездомни лица, кои ги користат услугите на Пунктот за бездомници во Момин Поток.

Сместувачкиот капацитет на прифатилиштето, вклучувајќи го новоизграденото женско одделение, е 32 кревета, број што не ги задоволува потребите на бездомниците, посебно во зимскиот период. Во случај на поголем број лица истовремено да им е потребно згрижување во пунктот за бездомници, просторот се адаптира и во него можат да се сместат 40 лица.

На светско ниво, според податоците на Обединети нации, 100 милиони лица се бездомници, што значи дека секој седумдесетти граѓанин е бездомник. Галопирачкиот тренд во кој луѓето остануваат без своите домови, не ја одминува ниту Македонија. Како што информира Лазаровска, кога во 2010 година пунктот ги отворил вратите за бездомниците, истиот го посетувале десет лица, за денеска оваа бројка да достигне 90 лица.

Покрај Скопје, шелтер центри за бездомните лица се потребни и во останатите градови низ републиката, и добро е надлежните да почнат да разлислуваат за нивно отворање, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Промовирани огласи »

Франција целосно ја забрани употребата на мобилните телефони во училиштата за учениците под 15 години. Законот за целосната забрана за употребата на мобилните телефони во училиштата е поддржан од Францускиот Претседател Емануел Макрон, и истиот се однесува за сите основни училишта. Новиот закон ја забранува употребата на сите типови мобилни телефони, но и на таблетите и паметните часовници. Сличен закон во Франција се применуваше уште од 2010-та година со тоа што во рамките на тој закон беше забранета употребата на мобилните телефони само за време на училишните часови.

Франција презеде ригорозни мерки и ја забранува целосно употребата на мобилните телефони во училиштата. Во законот се остава простор на самите училишта да одлучат дали ќе ја забранат употребата на мобилните телефони и за учениците над 15 годишна возраст. Сепак во овој закон постојат и одредени исклучоци, односно забраната не важи за учениците кои имаат нужна потреба од своите паметни уреди, како на пример учениците со посебни потреби и хронично болните ученици.

Во согласност со законот, секој ученик има обврска да го исклучи својот мобилен телефон пред почетокот на училишниот ден и истиот да го остави во специјално дизајнирани рафтови само за таа употреба.

Донесувањето на ваквиот закон е поттикнато пред се од прекумерната употреба на мобилните телефони од страна на учениците, создавањето на зависност од истите како и за да се зголеми на нивната фокусираност за време на часовите.

Министерот за образование на Франција ваквиот закон го нарече закон на 21-от век и посочи дека на овој начин ќе се зголеми дисциплината кај 12-те милиони ученици кои учат во француските училишта.

Промовирани огласи »

Винарска визба Тиквеш има 3 отвориени работни позиции:

ПЗУ Систина Нефроплус објавува оглас за 2 работни места лоцирани во СКОПЈЕ - КООРДИНАТОР НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - За дијализни центри во западен реон и КООРДИНАТОР НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - За дијализни центри во источен реон: https://kariera.mk/job/LEex2nHXu02PFqTPVNIZSw/koordinator-na-medicinski-sestri

Прима Оптика го проширува својот тим со АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/qj3flAyxc0yOdpTJCgL9qA/asistent-za-prodazhba

Нето плата во висина од 23.000 денари за работа во Реплек Фарм како ОДРЖУВАЧ ВО ПРОИЗВОДЕН ПОГОН: https://kariera.mk/job/zjydKlIUkEKkL-oYmQAd5A/odzhuvach-vo-proizvoden-pogon

Дрогерија Дама на Црногорското приморје има потреба од ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ: https://kariera.mk/job/GHDWz0OM00Wc17-jaM38jg/diplomiran-farmacevt

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »