Асистент за продажба

За компанијата: Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 3 локации во Скопје: Ул. Македонија, Сити Мол и Беверли Хилс. Во 2019 компанијата се проширува во дополнителни Express продажни места во ГТЦ и ТЦ: Лептокарија. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 10.2019
  • Луксор Траде Дооел
  • Активен до 25.10.2019
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Скопје

Прима Оптика го проширува продажниот тим со амбициозни луѓе подготвени за долгорочен ангажман. Бараните кандидати се со возраст од над 30 години, минимум 3 години работно искуство во продажба и имаат активно познавање од работа со клиенти и каса. Предност имаат кандидати кои имаат завршено оптометрија и имаат познавање на стакла, контактни леќи и сончеви очила.

Одбраните кандидати добиваат почетна плата од 18.000 ден и стимулирачки бонуси. Работните услови опфаќаат 40 работни часа неделно и работа во смени.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на: [email protected].