Координатор на медицински сестри

ПЗУ Систина Нефроплус објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

За две работни места лоцирани во Скопје

  1. Координатор на медицински сестри – за Дијализни центри во западен реон
  2. Координатор на медицински сестри – за Дијализни центри во источен реон

 

Опис на работни должности за позициите

  • Усогласување на процедурите, протоколите и стандардите на работењето на медицинскиот и технички персонал во областа
  • Координирање и организација на работењето на медицинскиот и технички персонал
  • Следење и евалуација на работата на медицинскиот и технички персонал согласно протоколите, кодексот и стандардите за работа
  • Остварува теренска посета на дијализни центри, остварува комуникација со пациенти и решава тековни прашања во врска со работата и потребите на медицинскиот и технички персонал

Потребни услови:

  • Завршена Висока медицинска школа
  • Најмалку седум (7) години работно искуство во област на дијализа
  • Одлично познавње на работа со компјутерски програми
  • Одлично познавање на англиски јазик

Потребни вештини и способности:

  • Комуникациски способности 
  • Презентациски вештини
  • Лојалност, доверливост 
  • Одговорност кон доверените задачи

 

Висината на минималната основна нето плата е 35.000 денари (во зависност од тоа колку кандидатот ги исполнува условите за работното место).

 

Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот.

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации можат да аплицираат со испраќање кратка биографија (CV) на македонски јазик на  е-пошта: info@sistinanefroplus.mk најдоцна до 24.10.2019 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Дискрецијата на сите апликанти е загарантирана.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »