Промовирани огласи »

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат намалување на невработеноста и повеќе пари кај граѓаните. Со ребалансот на Буџетот за 2019 година дополнителни 421 лице добиваат неповратни средства од Програмата за самовработување.


Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.
Самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, односно до 10.000 евра ако се двајца содружници. Оперативниот план за вработување дава реални и видливи резултати. Тоа е една од клучните мерки за намалување на стапката на невработеност, која денес изнесува рекордно најниски 17,5 отсто. Владата предводена од СДСМ е посветена на заложбите за поголема поддршка на отворање нови бизнси. Доказ за тоа е фактот што во последните 3 години, средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година. Остануваме посветени на отвоање нови и добро платени работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност.
Продолжуваме со креирање и реализација на мерки што во интерес на сите граѓани.

Промовирани огласи »

Денеска е првиот работен ден по промената од летно на зимско сметање на времето. Стрлеките на часовниците се вратија за еден час наназад. ЕУ најви дека во 2021 година ќе биде направено последното поместување на стрелките на часовниците, но во меѓувреме треба да падне договор дали тие ќе останат на зимското или летното сметање на времето.

Денеска во светото дури 110 од 192 држави го користат летното сметање на времето. Системот на промена на времето не се користи во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и ширум африканскиот континент, каде оваа промена на временската зона никогаш не се здоби со широка полуларност.  Што се однесува до Европа, иако долго во ЕУ се зборува за укинување на оваа пракса, со вакви поместувања на стрелките од часовникот, како и адаптација на биолошкиот часовник кај граѓаните нема најголемата држава Русија. Во почетокот на 2011 година тогашниот претседател на Русија Дмитри Медведев  донесе одлука во оваа земја да се прекине со поместувањето на стрелките од часовниците. Така Русија на 27 март 2011 година последен пат го смени сметањето на времето останувајќи на летното мерење. Со тоа Русија му се придружи на Исланд кој до сега беше единствената европска земја кој не ги менува стрелките на часовниците. Оваа година ќе им се придружи и Турција.

Меѓутоа одлуката Русија засекогаш да остане земја во која ќе има летно сметање на времето не помина кај населението на таа земја. Ѓраѓаните во Русија не сакаа да стануваат еден час порано во текот на зимските месеци. Затоа сегашниот руски претседател Владимир Путин во 2014 година потпиша декрет со кој во октомври земјата ја врати на зимското сметање на времето кое останува да важи во текот на целата година.

Промовирани огласи »

Скопје, 28 октомври 2019 (МИА) – Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.

Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тој ќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Промовирани огласи »

Основачот на Amazon и извршен директор Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на попладневното тргување во четвртокот, а на првото место повторно е ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Акциите на Amazon паднаа седум проценти во тргувањето по работното време, соборувајќи го богатството на Безос на 103,9 милијарди долари.

Тоа го постави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Новиот број еден е Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.

Во 2018 година, Безос стана најбогатиот човек во светот и прв на списокот на Forbes чие богатство изнесуваше над 100 милијарди долари, со што ја прекина низата на Гејтс од 24 години на првото место.

Но, падот на извршниот директор на компанијата Amazon не е во целост последица на падот на акциите на Amazon.

Безос четвртина од својот удел во Amazon го пренесе на својата поранешна сопруга, како дел од нивниот договор за развод, кој заврши на почетокот на оваа година.

Мекензи Безос е “тешка” 32,7 милијарди долари и е меѓу 20 најбогати во светот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »