Промовирани огласи »

Заедно со развојот на бројни модели на паметни телефони, се развиваат и кинески евтини копии.

Некогаш дури и оние не толку големите познавачи на брендовите на паметни телефони, веднаш можеа да препознаат копија, но работите со тек на времето значително се променија.

Како расте развојот на напредни технологии кои реномираните производители ги интегрираат во своите смартфони, со иста брзина расте и квалитетната продукција на лажни паметни телефони кои речиси секогаш пристигнуваат од Кина.

И денеска, особено за некоj кој не е голем љубител на технологијата, се потешко се препознаваат измамниците кои, на пример, ќе ви испорачаат лажен „Apple iPhone 7 Plus“ уред по цена од околу 70 американски долари.

Доколку не сте добро запознаени со оргиналните уреди, многу се големи шансите да бидете измамени…

Благодарејќи на квалитетните видео материјали кои можат да се пронајдат на „YouTube“, постојат луѓе кои се подготвени да платат лажен паметен телефон само за да ги предупредат останатите на што треба да внимаваат.

Oва е еден од таквите видео записи.

Првото изненадување и за самиот автор, кој на значително професионален начин ги следи сите новитети поврзани за „Apple“, е пакувањето.

Кутијата во која се наоѓа „лажниот“ уред од Кина е скоро иста како и кутијата во која „Apple“ ги испорачува своите оргинални „iPhone“ уреди.

Нормално, повеќето напредни функции не работат, па така на лажниот смартфон од Кина не е можно да се инсталира „iOS“, но интересно е дека работи читачот за отпечаток на прстот.

Погледнете во видеото на што се треба да внимавате при купувањето на „iPhone 7 Plus“ зa 70 долари.

Промовирани огласи »

Доколку се обидете со овој трик кој ќе ви го предложиме, вашиот резервоар, ќе биде полн до врв, и ќе заштедите пари.

Во моментот кога дршката за бензин ќе кликне и престане да сипа гориво во вашиот резервоар, вашето возило добило онолку гориво колку што е потребно, односно онолку колку што може да прими во него.

Никаква потреба нема да рачката се стисне 2, 3 или повеќе пати. Тоа гориво само се разлива залудно, и моторот не може да го потроши, а вие тоа се го плаќате.

Од сега обрнете внимание и заштедете, тие пари можете да ги потрошите на нешто друго!

Се разбира, овој совет вреди во случај кога ќе посакате да го наполните цел резервоар.

Инаку, овој систем кој „знае“ кога резервоарот е полно постои одамна, и функционира многу едноставно – на цевката која ја ставате во него постои дупка, и кога горивото ќе стигне до него, тоа е знак за пумпата дека резервоарот е полн, па таа само го запира дотокот на бензин.

Промовирани огласи »

Шест институции од Македонија денеска потпишаа договори за грант со Јапонската влада во вкупен износ од 368.626 евра за проекти кои се насочени кон подобрување на животот на граѓаните.

Договорите се наменети за рехабилитација на основните училишта „Свети Климент Охридски“ во струшкото село Драслајца и „Вук Караџиќ“ во Куманово, за опремување на Пелагонискиот плански регион со механизација за превенција од поплави, опремување на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија со медицинска апаратура, опремување на Противпожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило и за опремување на Општата Болница Охрид со амбулантно возило.

Средствата се обезбедени преку Програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти – GGP, основана од Владата на Јапонија.

Тојоказу Кубота, вршителот на должноста амбасадор во Јапонската амбасада во Скопје на денешното потпишување на договорите рече дека ова е најголемата сума во последните десет години што е издвоена за GGP проекти во Македонија за една година.

Убедени сме дека сите институции совесно ќе ги искористат средствата од грантовите со цел исполнување на поставените цели на проектите. Амбасадата на Јапонија во Скопје е подготвена да им помогне во нивните напори, а лично со нетрпение очекувам да ги посетам локациите на завршените проекти, истакна Кубота.

Оваа програма во Македонија се спроведува во 1996 година и досега се реализирани над 100 проекти низ целата држава со вкупен износ од околу шест милиони евра.

Промовирани огласи »

Со вкупно 94 милијардери, овој град по втор пат го надминува Њујорк.

Весникот Hurun Global Rich List објави дека во Пекинг денес живеат 94 милијардери, што е за шест помалку од пред една година, но сосема доволно за да се задржи на првата позиција.

На втората позиција е Њујорк, каде според последните податоци има 86 милијардери. Во Големото Јаболко, за разлика од лани има 9 милијардери помалку.

Седум од 20-те града на листата се од Кина, вклучувајќи го и Хонгконг, кој ја зазема третата позиција со 71 богаташ. Најголем раст по бројот на милијардери има Шенжен, каде што денес живеат 62, или 16 повеќе од пред една година.

Петтата позиција со 59 милијардери ја зазема Москва, а потоа е Лондон (55), Шангај (53), Мумбај (42), Париз (36). Според последните податоци денес во светот има 2.257 милијардери или 69 повеќе од пред една година.

За последниве пет години листата е збогатена за нови 804 лица, при што лидерската позиција и натаму ја држи Кина со 609 милијардери, додека во САД има 552 милијардери.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »