Промовирани огласи »

Водевме сметка за секој денар на граѓаните да биде продуктивно искористен, затоа и буџетот се гледаше на две седници. Вложуваме во човечки капитал, во нашиот народ, рече премиерот Заев на презентација на Буџетот за идната година.

Раст на економијата 3,8 отсто, овој раст најмногу од домашната потрошувачка. Буџетот е проектиран на реални параметри. 

Капитални инвестиции над 23 милијарди денари.

Платата ќе порасне за 6,3 отсто, од минималната плата и од субвенционирањето на придонесите. Должни сме пред граѓаните на земјава, рече премиерот Заев.

За идната година пониска невработеност, можно до 16 отсто, а вработеност до 48,2 отсто. 

Раст на Бруто инвестициите. Ниска инфлација, стабилни цени.

Се зголемува платата за 25 отсто на специјалистите, 15 отсто општа пракса и 10 отсто медицинските сестри. Специјалистите на повисоки нивоа ќе достигнат 100.000 денари плата, а на пониски нивоа до 90 илјади денари. 

Издвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството, 2020 ќе почне изградбата Клинички центар, и предвидени се првите пари во овој буџет. А и болниците низ градовите.

Платите во образованието од јануари ќе се зголемат за 10 отсто. Одвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието.

И за пензионерите, 2020 зголемување на трошоците дополнително од редовната индексација на трошоците на живот. Пензионерите заслужија, тие се значајни. Од 700 до 730 денари се зголемуваат пензиите, конечно ќе се утврди на крајот на годината. Со индексацијата ќе има дополнителни 120 до 130 денари. Или вкупно меѓу 850 и 900 денари - поради растот на минималната и просечните плати. Минималната пензија е уште 8.940 денари, а просечната 14 илјади денари, за жал уште се ниски, рече премиерот Заев.

Околу 7,3 милијарди денари се за субвенции во земјоделство и 1,1 милијарди денари за рамномерен развој.

Одбрана буџет ќе биде 1,39 отсто од БДП согласно НАТО агендата. 

Промовирани огласи »

За две години, повеќе пари ќе добиваат германските пензионери. 

Скокна минималната пензија во Германија. Оваа мерка треба да стапи на сила во 2021 година. Планот на германската влада ќе ги опфати и вработените со најниски приходи кои се грижат за деца или роднини. 

Услов за добивање на овој паричен надомест ќе биде лицето да плаќа придонеси за социјално осигурување најмалку 35 години. Ваков додаток ќе добиваат и самците, доколку пензијата им е помала од 1.250 евра, како и двојките чии пензии се помали од 1.950 евра. Се проценува дека пензиски додаток ќе добиваат меѓу еден милион и двесте и еден милион и петстотини илјади пензионери. За овој додаток, државата ќе потроши една милијарда до милијарда и петстотини илјади евра. 

Членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор во текот на преговорите кои траеја повеќе од шест часа. Основната пензија е додаток на пензијата, со што ќе се обезбеди оние што добиваат најнизок приход да можат да ги покријат своите основни  трошоци за живот.

Промовирани огласи »

Штетните ПМ честички наместо да завршат во воздухот и вашите бели дробови завршуваат во цилиндарот, изум на скопјанецот Пандо Петковски монтиран над печка за затоплување. Машинскиот инженер испровоциран од се поголемото аерозагадување во земјава заедно со татко му пред 1 година почнале да прават уред кој ги собира не само опасните ПМ честички туку и сите канецерогени материи што излегуваат од оџаците при согорување на цврсти горива.

– Заедно решивме да направиме филтер кој нема да користи течност за неутрализација на штетните материи, односно ќе биде сув. Самиод уред се состои од факач на на ПМ честички и се одбиваат и се таложат во таложник кој потоа може да се исчисти. Уредот има смерник кој ги насочува гасовите добиени од согорувањето во филтер кој е составен од порозна бронза и активен јаглен, вели Пандо Петковски, машински инженер.

За изготвување на механизмот им била потребна многу мала инвестиција која може да си ја дозволи секое семејство. А се користат и помалку дрва за огрев.

– Многу е прост за правење. До аглите е. Секоја материја има свој агол на триење. Придобивките од овој филтер ги фаќа ПМ честичките, диоксините, фуранитеи бојни отрови.

Патентот на Петковски неодамна бил награден со бронзен медал на Саем во Тајван во конкуренција од над 1500 иновации.

– Патентот освои бронзен медал во многу голема конкуренција, рече Пандо Петковски.

За изумот на Петковски биле заинтересирани неколку странски компании, но тие сакаат да помогнат во намалување на загадувањето во земјава и се надеваат дека надлежните институции ќе покажат интерес овој систем да остане во Македонија.

Останува нејасно зошто Фондот за иновации не финансира вакви корисни патенти кои во странство освојуваат престижни награди, а секако се е во насока на подобрување на квалитетот на животот.
Извор: Сител

Промовирани огласи »

На подобра и побрза комуникација на луѓето и економиите од регионот придонесуваат и добри патишта како што е Коридорот 10, чиј последен дел е отворен за сообраќај во сабота. Нема да има патарина на тој дел од автопатот до 1 декември. Од тој датум, патарината од Ниш до бугарската граница ќе изнесува 410 динари, а од Белград 1.290 динари.

(ВИДЕО) СРБИЈА ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Вучиќ и Борисов го пуштија „Коридор 10“ со голема публика и трубачи

Нема големи гужви, сообраќајот е со умерен интензитет, но главната причина за тоа е продолжениот викенд пред празникот и фактот што возачите веќе пристигнале на нивните дестинации, пренесува РТС.

Првите возила поминаа овде околу 22 часот во саботата навечер, затоа што му беа потребни на Коридорот и сообраќајната полиција неколку часа за да ја проверат целата рута уште еднаш за безбедност.

Синоќа од 22 часот до денес во 13 часот околу 4.800 возила се движеле во двата правци.

Патарината нема да се наплаќа до 1 декември, а после тоа, од Ниш до бугарската граница ќе бидат 410 динари, или од Белград до бугарската граница 1.290 динари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »