Водевме сметка за секој денар на граѓаните да биде продуктивно искористен, затоа и буџетот се гледаше на две седници. Вложуваме во човечки капитал, во нашиот народ, рече премиерот Заев на презентација на Буџетот за идната година.
Раст на економијата 3,8 отсто, овој раст најмногу од домашната потрошувачка. Буџетот е проектиран на реални параметри.
Капитални инвестиции над 23 милијарди денари.
Платата ќе порасне за 6,3 отсто, од минималната плата и од субвенционирањето на придонесите. Должни сме пред граѓаните на земјава, рече премиерот Заев.
За идната година пониска невработеност, можно до 16 отсто, а вработеност до 48,2 отсто.
Раст на Бруто инвестициите. Ниска инфлација, стабилни цени.
Се зголемува платата за 25 отсто на специјалистите, 15 отсто општа пракса и 10 отсто медицинските сестри. Специјалистите на повисоки нивоа ќе достигнат 100.000 денари плата, а на пониски нивоа до 90 илјади денари.
Издвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството, 2020 ќе почне изградбата Клинички центар, и предвидени се првите пари во овој буџет. А и болниците низ градовите.
Платите во образованието од јануари ќе се зголемат за 10 отсто. Одвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието.
И за пензионерите, 2020 зголемување на трошоците дополнително од редовната индексација на трошоците на живот. Пензионерите заслужија, тие се значајни. Од 700 до 730 денари се зголемуваат пензиите, конечно ќе се утврди на крајот на годината. Со индексацијата ќе има дополнителни 120 до 130 денари. Или вкупно меѓу 850 и 900 денари - поради растот на минималната и просечните плати. Минималната пензија е уште 8.940 денари, а просечната 14 илјади денари, за жал уште се ниски, рече премиерот Заев.
Околу 7,3 милијарди денари се за субвенции во земјоделство и 1,1 милијарди денари за рамномерен развој.
Одбрана буџет ќе биде 1,39 отсто од БДП согласно НАТО агендата.