Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска објави дека следната година просечната пензија во Македонија ќе изнесува 15.500 денари.

Оваа пресметка следува откако вчера премиерот Зоран Заев најавувајќи го државниот буџет за 2020 потврди дека пензиите ќе пораснат од 700 до 730 денари за следната година. Со индексацијата ќе има дополнителни 120 до 130 денари, или вкупно меѓу 850 и 900 денари.

Порастот на пензиите одкако сме дојдени на власт ќе изнесува 1.746 денари до следната година. Мора да кажеме дека ова покачување не е некое ад-хок покачување кое што нема други економски показатели кои што покажуваат дека пензиите треба да растат, рече Царовска на прес-конференцијата.

Во 2019 просекот бил 14.598, додека во 2018 изнесувал 13.754 денари.

Промовирани огласи »

Данило Бадњар, попознат како Чода, се снимаше додека посетувал неколку места во Белград и на жителите им давал пари за месечните сметки. Поделил околу 90.000 динари, а на крајот од видеото заплакува од среќа, бидејќи имал можност да направи такво нешто.

„Мојот пријател, кој е камерман и јас посетивме неколку куќи во Крњаќ, а потоа прошетавме до Котеж. На секоја врата на која затропавме, луѓето ни отворија. Беа срдечни и се заблагодарија“ - рече Данило за Инфромер и продолжи:

„Следниот дел го посетивме блокот 23 во Нов Белград. Скоро никој не сакаше да земе пари. Очигледно беше дека станарите на кои наидов беа финансиски постабилни од оние на другите места. Сепак, кажаа парите да ги дадам на оние на кои им се најпотребни“ - заклучува Чода.

Јутјуберот го напуштил средното училиште за да биде гејмер, но подоцна го завршил вонредно. Заработката која ја остварува од клуповите му носи профит.

„Искрено, повеќе се заработува од спонзори отколку од прегледи. Милион прегледи од Србија носат околу 100 долари, што не е многу“ - искрен беше Данило.

Промовирани огласи »

- Непланирање на иден развој

Една од најчестите грешки кои ги прават компаниите при изборот на деловен - канцелариски простор е непланирање на можностите за иден развој и потребата за дополнителен простор во иднина. Работиме на динамичен пазар, со брзи промени во трендовите каде флексибилноста на просторот се наметнува како стандардно барање од кое во голема мера ќе зависи и успешноста на една компанија.

Една од клучните работи при изборот на канцелариски простор е соодветно и колку што е возможно да се предвиди идниот развој и согласно на тоа да се избере простор кој ќе биде флексибилен и кој најдобро ќе може да одговори на сите промени и потреби на компанијата.  

-  Цена на закуп – фактор број 1 при изборот

Избор на деловен - канцелариски простор базиран само на висината на цена на закуп е пракса кај голем број на компании. Несогледување на таканаречените скриени трошоци (трошоци за одржување, идни поправки итн.) придонесува планираните трошоци во голема мера да отстапуваат од реалните по изборот и вселувањето во деловниот простор.

Локацијата, квалитетот на просторот и деловната зграда, патната инфраструктура и достапноста се само дел од факторите кои заедно со цената и вкупните трошоци треба да се земат в предвид во процесот на избор на канцелариски простор.

-  Дизајн на просторот

Флексибилност на работниот простор и уредување кои овозможуваат оптимални услови за работа можат да ја зголемат продуктивноста и креативноста на вработените. Светските трендови покажуваат дека сè повеќе компании ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа. Уредувањето на канцеларискиот простор од страна на стручни лица во областа, а во линија со специфичните потреби на компанијата ќе придонесе за поголема ефикасност, позадоволни вработени и поуспешен бизнис.

- Водење на комплетниот процес на избор во рамките на компанијата

Процесот на изнаоѓање на вистински деловен – канцелариски простор е многу повеќе од само едноставен избор на простор. Секој чекор од процесот изискува специфично знаење и искуство од одредена дејност - брокери, консултанти, правници, архитекти, инженери. Професионален пристап и тим од стручни лица од областа на недвижностите ќе овозможат да се изнајде најдобриот простор кој во целост ќе ги задоволи сите потреби на компанијата.

За крај

Деловниот простор во кој секојдневно ги извршувате работните обврски влијае директно како  на вработените така и на вашите клиенти, а со тоа и на целокупниот ваш бизнис и успех. Оттука, изборот на идеален деловен-канцелариски простор е комплексен процес каде многу фактори треба да се земат в предвид. Со помош и ангажирање на стручни и искусни специјализирани компании за недвижен имот како ФМС, ќе добиете професионална услуга и вистинско решение за сите ваши потреби за канцелариски простор.

Промовирани огласи »

Годинава, на 22ри Ноември во МНТ од 09-16.30 часот ќе се одржи ГЛОБАЛЕН ЛИДЕРСКИ САМИТ МАКЕДОНИЈА 2019. KARIERA.mk ќе биде партнер на настанот, каде ќе се претстави со свој штанд и низ кафе муабет присутните ќе можат одблизу да се запознаат со работата и услугите што ги нуди сајтот.

На настанот ќе има ексклузивни видео говори на врвни светски водачи, говорници во живо, практични материјали и контекст за локална интеракција како и вмрежување. 
Мотото на настанот е: ВОДИ КАДЕ ШТО СИ. Без изговори. Бизнис. Образование. Политика. Студии. Креативен сектор.

Сите што ќе земат учество на настанот ќе имаат можност да 

  • Имаат пристап до ексклузивниот пренос на Самитот 2019 тука, во Македонија
  • Ќе добијат уникатен микс од визија, инспирација, и практични вештини кои ќе можат веднаш да ги применат
  • Да научат од најразновидните говорници 
  • Да го искористат Самитот како ресурс за сопствена и трансформација на својата заедница

Говорници на настанот ќе бидат: Крег Грошел (видеокаст) - Коосновач и постар пастор, Life.Church, Патрик Ленсиони (видеокаст) - Најдобро продаван автор; Основач и главен извршен директор, The Table Group, Д-р Криш Кандаја (видеокаст) - Основач, Home for Good; Консултант; Социјален претприемач, Џејсон Дорси (видеокаст) - Најдобро рангиран говорник на генерацијата З и на милениумската генерација; истражувач, Лиз Бохенон (видеокаст) - Коосновач и главен коизвршен директор, Sseko Designs), Јане Честовалиев (говорник во живо) - Основач и сопственик на интернационална фармацевтска компанија 4UPHARMA, Ралф Јуре (говорник во живо) - Основач и главен извршен директор на Ingenior Training & Consulting) и Бојан Јоксимовиќ (говорник во живо) - Управител-партнер / коосоновач на O5 Transformation Design Consultancy. 
Повеќе за говорниците можете да прочитате на следниов линк: https://www.glsmacedonia.org/

Билетите можете да ги купите на следниов линк: http://mnt.mk/mk/kupi-bileti-online  или на билетарата во МНТ. Студентите добиваат 60% попуст со приложување на индекс на билетарата на МНТ како и невработените лица. Исто така и компаниите коишто се заинтересирани за поразличен тимбилдинг, можат да го искористат 5+ групниот пакет со пишување на порака на [email protected], во приватна порака на Facebook профилот или на телефонскиот број +389 76 232 690.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »