Промовирани огласи »

Годинава, на 22ри Ноември во МНТ од 09-16.30 часот ќе се одржи ГЛОБАЛЕН ЛИДЕРСКИ САМИТ МАКЕДОНИЈА 2019. KARIERA.mk ќе биде партнер на настанот, каде ќе се претстави со свој штанд и низ кафе муабет присутните ќе можат одблизу да се запознаат со работата и услугите што ги нуди сајтот.

На настанот ќе има ексклузивни видео говори на врвни светски водачи, говорници во живо, практични материјали и контекст за локална интеракција како и вмрежување. 
Мотото на настанот е: ВОДИ КАДЕ ШТО СИ. Без изговори. Бизнис. Образование. Политика. Студии. Креативен сектор.

Сите што ќе земат учество на настанот ќе имаат можност да 

  • Имаат пристап до ексклузивниот пренос на Самитот 2019 тука, во Македонија
  • Ќе добијат уникатен микс од визија, инспирација, и практични вештини кои ќе можат веднаш да ги применат
  • Да научат од најразновидните говорници 
  • Да го искористат Самитот како ресурс за сопствена и трансформација на својата заедница

Говорници на настанот ќе бидат: Крег Грошел (видеокаст) - Коосновач и постар пастор, Life.Church, Патрик Ленсиони (видеокаст) - Најдобро продаван автор; Основач и главен извршен директор, The Table Group, Д-р Криш Кандаја (видеокаст) - Основач, Home for Good; Консултант; Социјален претприемач, Џејсон Дорси (видеокаст) - Најдобро рангиран говорник на генерацијата З и на милениумската генерација; истражувач, Лиз Бохенон (видеокаст) - Коосновач и главен коизвршен директор, Sseko Designs), Јане Честовалиев (говорник во живо) - Основач и сопственик на интернационална фармацевтска компанија 4UPHARMA, Ралф Јуре (говорник во живо) - Основач и главен извршен директор на Ingenior Training & Consulting) и Бојан Јоксимовиќ (говорник во живо) - Управител-партнер / коосоновач на O5 Transformation Design Consultancy. 
Повеќе за говорниците можете да прочитате на следниов линк: https://www.glsmacedonia.org/

Билетите можете да ги купите на следниов линк: http://mnt.mk/mk/kupi-bileti-online  или на билетарата во МНТ. Студентите добиваат 60% попуст со приложување на индекс на билетарата на МНТ како и невработените лица. Исто така и компаниите коишто се заинтересирани за поразличен тимбилдинг, можат да го искористат 5+ групниот пакет со пишување на порака на [email protected], во приватна порака на Facebook профилот или на телефонскиот број +389 76 232 690.

Промовирани огласи »

ТАВ Македонија има потреба од ПОЖАРНИКАР - ВОЗАЧ: https://kariera.mk/job/vnWNSNjEmki0WGb937effw/pozharnikar-vozach

А1 Македонија со следниве отворени работни места: 

Инвето Гроуп поради зголемен обем на работа вработува ЕЛЕКТРИЧАР: https://kariera.mk/job/KCb3KKKO9EW0cbp3nFla2g/elektrichar

Мегатехна го проширува својот тим со:

Галинос Фарм има потреба од МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ за регион Југозападна Македонија, Западна Македонија и Скопје: https://kariera.mk/job/cXJ8icHvuEaY1kaGJ0Ku0A/medicinski-pretstavnik

Промовирани огласи »

Кога решавате да заминете во странство на подолг рок едно од прашањата е дали можете да ја користите вашата возачка дозвола, односно дали истата може да ви биде признанена од тамошната земја. Во спротивно ќе морате повторно да полагате што ќе ве чини и пари и време.

Според информациите објавени на Министерството за внатрешни работи, Македонија има потпишано билатерални договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со седум европски земји и тоа: Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Германија.

Тоа значи дека доколку патувате или работите во некоја од погореспоменатите земји, вашите возачки дозволи ќе имаат иста важност како и на жител од овие земји.

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај, признавање на македонската национална возачка дозвола и замена на истата е овозможено во Чешка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија и Белгија како и Австрија каде е признаена возачката дозвола само за “Б” категорија.

Во моментов, МВР е во преговори за потпишување на билатерални договори уште и со Косово, Турција и Велика Британија.

Извор: 24ауто.мк

Промовирани огласи »

Работодавачите од приватниот сектор мора да исплатат регрес за годишен одмор, во спротивно ќе се соочат со високи казни. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштуваат дека за неодговорните работодавачи кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе бараат од работниците да им ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година.

Работодавачите кои ќе побараат од работниците да им ги вратат парите, да примат само одреден износ од платата или други надоместоци ќе бидат казнети. За неодговорните работодавачи кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе бараат од работниците да им ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година. Од Сојузот на синдикати сметаат дека како резултат на зајакнатата санкциона политика и измените на Кривичниот закон ќе се елиминираат појавите на формална исплата.

Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор ќе можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Исплатата на регресот за годишен одмор е воспоставена со Општиот колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството е задолжителна за работниците и треба работодавачите да ја реализираат до крајот на годината. ССМ заедно со Организацијата на работодавачите, со потпишување на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор.

Регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

Од ССМ соопштуваат дека кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »