Медицински претставник

Галинос Фарм ДОО е фармацевтска компанија која е присутна на пазарите на Македонија, Србија и Косово. Во Македонија сме застапници на производите на следните фармацевтски компании:

Медитрина- Грција, Интермед – Грција, Унифарм – Грција, Див Лек – Србија, Искадор – Швајцарија и oст.

Поради проширувањето на обемот на работа и формирање на тим за продажба и маркетинг го објавуваме следниот оглас:

Медицински претставник – 3 извршители

Регион – Југозападна Македонија, Западна Македонија, Скопје

Потребни квалификации:

  • ВСС – доктор по медицина/ стоматологија или дипломиран фармацевт
  • Искуство во промоција на фармацевтски производи ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија - активен возач
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи

 

Опис на работата:

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномирани производители
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
  • Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
  • Учество и организирање на стручни собири
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резлутати.

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 23.11.2019, со назнака за позицијата на една од следниве адреси:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Антон Попов 1-3/27, Кисела Вода, Скопје

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »