ПОЖАРНИКАР - ВОЗАЧ

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Ракување со ПП возила, вршење на редовни прегледи на исправноста и функционалноста на ПП возила и водење грижа за хигиената и исправноста на истите;
  • При одвивање на авиосообраќајот дежурање во ПП возило и одржување постојана врска преку радиостаница со засегнати страни;
  • Учество во гаснење на пожари и спасување на животи на луѓе и материјални добра загрозени од пожар или други елементарни незгоди на аеродромот и неговата поблиска околина;
  • Редовно и активно учество во изведувањето на теориската настава и практичните вежби, поради континуирано усовршување на стручната и психофизичката способност потребна за работа во Секторот за ППЗ;
  • Добро познавање на локацијата и проодноста на пристапните патишта во непосредната близина на аеродромот, заради навремено реагирање во случај на интервенции
  • Одговорен за функционалноста и мобилноста на противпожарните возила и опрема;
  • Во текот на зимското одржување, активно учество во работењето со возилата за зимско одржување при чистењето на снегот од маневарските површини на аеродромот.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно Образование  (IV степен) – Техничко образование
  • Задолжително поседување на возачка дозвола – Ц категорија
  • Задолжително поседување на сертификат за професионален пожарникар
  • Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво А2
  • Најмалку 2 години работно искуство
  • Организациски вештини и тимска работа

 

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.


Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »