Промовирани огласи »

Поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование е целта на мерката месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност.

Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерството за труд и социјална политика беше утврден на седница на Владата и со него, како што соопштија од Министерството, придонесуваат за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. 

Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Младински додаток може да користи младо лице кое е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена  дејност, кое е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено  во задолжително социјално осигурување како индивидуален земјоделец, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Промовирани огласи »

Започнува  обврската за носење на зимска опрема

Зимата ни е пред прагот, па токму затоа и возачите треба да ги подготват своите возила за безбедно движење во зимски услови. Од 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување и со апел до возачите  да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно и непречено патување при зимски услови на патиштата.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Со цел појасно толкување на  Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег.  Исто така  особено важно е тоа што обврската за користење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни гуми е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а  посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Важно е да се истакне и  дека перцепцијата за зимските гуми  дека  се гуми наменети за снег, е погрешна.  Зимските гуми се погодни и безбедни за сите температури под 7 степени целзусови.  Во услови на ниски температури летните гуми стврднуваат, добиваат карактеристика на пластика и го губат контактот со подлогата,  додека зимските гуми се изготвени од таков материјал кој и во услови на ниски температури е мек и обезбедува стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото. Покрај тоа,  зимските гуми имаат таков дизајн ( шара) која овозможува полесно  истиснување на водата и снегот, а со тоа се овозможува и поголема стабилност и контрола во процесот на управување и запирање на возилото.

РСБСП со препорака: Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за  безбедно одвивање на сообраќајот  при зимски услови на патиштата. Согласно тоа, секој возач  треба да користи соодветна зимска опрема  пред се заради лична заштита, безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска објави дека следната година просечната пензија во Македонија ќе изнесува 15.500 денари.

Оваа пресметка следува откако вчера премиерот Зоран Заев најавувајќи го државниот буџет за 2020 потврди дека пензиите ќе пораснат од 700 до 730 денари за следната година. Со индексацијата ќе има дополнителни 120 до 130 денари, или вкупно меѓу 850 и 900 денари.

Порастот на пензиите одкако сме дојдени на власт ќе изнесува 1.746 денари до следната година. Мора да кажеме дека ова покачување не е некое ад-хок покачување кое што нема други економски показатели кои што покажуваат дека пензиите треба да растат, рече Царовска на прес-конференцијата.

Во 2019 просекот бил 14.598, додека во 2018 изнесувал 13.754 денари.

Промовирани огласи »

Данило Бадњар, попознат како Чода, се снимаше додека посетувал неколку места во Белград и на жителите им давал пари за месечните сметки. Поделил околу 90.000 динари, а на крајот од видеото заплакува од среќа, бидејќи имал можност да направи такво нешто.

„Мојот пријател, кој е камерман и јас посетивме неколку куќи во Крњаќ, а потоа прошетавме до Котеж. На секоја врата на која затропавме, луѓето ни отворија. Беа срдечни и се заблагодарија“ - рече Данило за Инфромер и продолжи:

„Следниот дел го посетивме блокот 23 во Нов Белград. Скоро никој не сакаше да земе пари. Очигледно беше дека станарите на кои наидов беа финансиски постабилни од оние на другите места. Сепак, кажаа парите да ги дадам на оние на кои им се најпотребни“ - заклучува Чода.

Јутјуберот го напуштил средното училиште за да биде гејмер, но подоцна го завршил вонредно. Заработката која ја остварува од клуповите му носи профит.

„Искрено, повеќе се заработува од спонзори отколку од прегледи. Милион прегледи од Србија носат околу 100 долари, што не е многу“ - искрен беше Данило.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »