Промовирани огласи »

 Слоганот „Macedonia the GReat”, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М” како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, ознаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат проследени на меѓународно ниво, беа презентирани вчера во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

По презентацијата, грчкиот премиер рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет”.

Се обврзав дека ќе се справиме со негативните последици од Договорот од Преспа, поддржувајќи ги професионалните групации од Северна Грција за да се воспостават унифициран колективен идентитет, кој ќе ги раздвојува производите што се произведуваат отсега понатаму на македонската почва. Верувам дека овој софистициран знак, претставен денеска и кој веднаш ќе биде доставен до Европската канцеларија во Аликанте, ја постигнува оваа цел. Сигурен сум дека тоа е знак што ќе го прифатат сите производители од Македонија, ги покрива сите три региони: Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија, ќе биде поддржан од бизнисите и ќе ни овозможи да имаме централен идентитет за македонски производи, нагласи Мицотакис, додаде дека овој „идентитет упатува и на минатото, но и отвора пат за пооптимистичка посветла иднина”.

Промовирани огласи »

Дебатата за минималната плата денес ги скара пратениците од власта и опозицијата. Сепак, измените за предлог-законот беа изгласани со 59 гласови „за“. Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. 

Опозицијатра обвини дека покачувањето на платата не е доволно за да го достигне потребниот минимум за преживување на едно семејство, како и дека решението е донесено несистемски и набрзина, без анализа за штетата која ќе биде предизвикана врз економијата и бизнисот, како и тоа дека периодот на носење на измените е сомнителен, пред избори. 

Од опозицијата на крајот рекоа дека иако не се согласуваат со мерката што се носи пред избори, во име на граѓаните од загрозените социјални категории, ќе го поддржат законското решение.

Според пратениците од власта, покачувањето на платата е исполнување на она што е ветено во нивната програма со која дошле на власт. 

– Не гледам ниту конфузност, ниту контрадикторност. Зголемувањето на минималната плата е решение коешто ќе ја зајакне социјалата, ќе го подигне стандардот и не е популистичка мерка, туку мерка согласно програмата. Доколку не се покачеше минималната плата, би ве запрашала дали 9.000 денари, колку што беше платата, ќе беа доволни да се наполни потрошувачката кошничка – изјави пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска.

Промовирани огласи »

Поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование е целта на мерката месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност.

Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерството за труд и социјална политика беше утврден на седница на Владата и со него, како што соопштија од Министерството, придонесуваат за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. 

Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Младински додаток може да користи младо лице кое е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена  дејност, кое е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено  во задолжително социјално осигурување како индивидуален земјоделец, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Промовирани огласи »

Започнува  обврската за носење на зимска опрема

Зимата ни е пред прагот, па токму затоа и возачите треба да ги подготват своите возила за безбедно движење во зимски услови. Од 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување и со апел до возачите  да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно и непречено патување при зимски услови на патиштата.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Со цел појасно толкување на  Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег.  Исто така  особено важно е тоа што обврската за користење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни гуми е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а  посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Важно е да се истакне и  дека перцепцијата за зимските гуми  дека  се гуми наменети за снег, е погрешна.  Зимските гуми се погодни и безбедни за сите температури под 7 степени целзусови.  Во услови на ниски температури летните гуми стврднуваат, добиваат карактеристика на пластика и го губат контактот со подлогата,  додека зимските гуми се изготвени од таков материјал кој и во услови на ниски температури е мек и обезбедува стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото. Покрај тоа,  зимските гуми имаат таков дизајн ( шара) која овозможува полесно  истиснување на водата и снегот, а со тоа се овозможува и поголема стабилност и контрола во процесот на управување и запирање на возилото.

РСБСП со препорака: Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за  безбедно одвивање на сообраќајот  при зимски услови на патиштата. Согласно тоа, секој возач  треба да користи соодветна зимска опрема  пред се заради лична заштита, безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »