По улиците низ земјава се вози кршот од Европската унија, па така за 10 години се увезени дури 304.183 половни автомобили од странство.
Ова го покажува статистиката на Царинската управа за увозот на возила, според која од 2010-та година кога беа воведени поволностите од претходната Влада за слободен увоз на странски половни возила во земјава рапидно расте бројот на увезените половни на сметка на увозот на новите возила. И додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, статистиката покажува дека добар дел од овие автомобили се дизел и со ЕУРО 3 или 4 стандард, односно испуштаат многу повеќе издувни штетни гасови за животната средина. Власта пак сеуште калкулира и со еколошките налепници, со кои требаше да се обележат возилата според тоа колку загадуваат.
Пет пати поголем увозот на половни наспрема нови автомобили
Податоците на Царинската управа покажуваат дека само до септември годинава во земјава се увезение 25.562 половни возила од странство. По годините бројките варираат и просекот се движи од околу 23.000 до 35.000 увезени половни возила. Најголемиот бум на пазарот се случил токму во 2010-та година кога биле увезени дури 51.399 половни возила.
Статистиката покажуава дека во 2009 година заедно со товарните биле увезени вкупно 16.151 возила, од кои само 2.944 биле половни, а дури 10.574 биле нови. Од таа година па наваму, увозот на нови автомобили паднал за повеќе од половина.
Дури 270.000 автомобили се постари од 15 години
Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека повеќе од половината од возниот парк во земјава е постае од 15 години. Така од регистрирани 415.051 патнички автомоболи лани, дури 270.075 се со година на производство пред 2004 година. Додека пак во 2018 година се регистрирани само 4.138 нови автомобили.
Лани биле регистрирани 415.000 автомобили, половината возат на дизел
Податоците покажуваат дека лани во земјава биле регистрирани 415.062 автомобили од кои 208.805 возеле на дизел. Додека 194.384 биле на бензин, а 11.706 возеле и на бензин и на гас.Статистиката покажува дека од година во година се регистрираат се повеќе автомобили