Промовирани огласи »

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс го престигна Џеф Безос во петокот како најбогата личност на светот, за прв пат по повеќе од две години.

На Гејтс можеби делумно му помога соопштениетио на Пентагон, наместо на Амазон тендерот да го додели ма Мајкрософт , во вредност од 10 милијарди американски долари со Мајкрософт. Акциите на Мајкрософт оттогаш пораснаа за 4%, создавајќи богатство од 110 милијарди американски долари во Гејтс, според индексот „Милиони“ на Блумберг.

Акциите на Амазон опаднаа околу 2% од објавувањето, што доведе до тоа нето вредност на Безос да биде 108,7 милијарди долари.

Гејтс (64) кратко го надмина Безос, (55) минатиот месец, откако „Амазон“ го објави својот прв пад на профитот за две години, но акциите на најголемата светска малопродажба во светот опаднаа и понатаму. Индексот, кој го следи богатството на 500 најбогати луѓе, се ажурира секој ден откако ќе се затвори пазарот во Америка. Најбогатиот човек во Европа, Бернард Арно, е на третото место со 102,7 милијарди долари.

Вредноста на Мајкрософт оваа година порасна за 48%, зголемувајќи го уделот на Гејтс за 1%. Остатокот од неговото богатство е акумулирано од продажба на акции и инвестиции направени во текот на годините од неговата семејна компанија Каскада.

Безос ќе беше многу побогат доколку тој и Мекензи Безос не беа разведени. Двојката ја објавија нивната поделба во јануари, а Мекензи (49) во јули доби четвртина од својот удел во Амазон.

Промовирани огласи »

Иако луѓето им се воодушевуваат на интелигентните луѓе, сепак и тие имаат многу маки и препреки со кои се соочуваат. И тие исто така водат борби самите со себе и со околината. Прочитајте кои се најголемите маки на интелигентните луѓе.

Интелигенцијата создава притисок да се успее

Поради тоа што имаат леснотија да ги разберат работите со кои другите се мачат, интелигентните луѓе се соочуваат со внатрешен притисок за подобра кариера, поголема плата и подобар општествен притисок. Кога работите нема да им излезат според планираното и кога овие очекувања нема да се исполнат, тогаш тие имаат голем проблем да го прифатат тоа.

Збунети од патиштата на животот и нивната перцепција за неуспех, интелигентните луѓе се изложени на екстремно само-критикување.

Тешко се спријателуваат

Повеќето од нас лесно создаваат социјални и интимни врски знаејќи дека и ние ќе треба да го возвратиме вниманието. Секој од нас си наоѓа човек што му одговара. Но, високо интелигентните луѓе ретко можат да се опуштат и да уживаат во вечер со пријателите и тешко се справуваат со социјални настани каде треба да стекнуваат пријатели. Исто така, често се наклонети да бараат луѓе кои се на исто интелектуално ниво со нив, а тоа не е секогаш толку лесно.

Премногу анализираат

Интелигентните луѓе постојано размислуваат. Нивниот мозок никогаш не е на одмор и не прави паузи. Процесот на донесување одлуки е стресен и тежок. Плус тие најчесто не се многу физички активни, постојано им недостасува здрав сон и оваа комбинација многу често води кон депресија.

Интелектуална изолација

Кога успехот се определува според просекот, стравот од неуспех може да ја уништи вистинската љубов за учењето и страста да се сподели знаењето со други. Интелигентните луѓе некогаш знаат да делуваат арогантно, но тоа е затоа што не секогаш можат да се изразат на разбирлив начин и затоа одлучуваат да молчат.

Среќата е чудна работа

Во 1926 година, психологот Луис Терман, во Калифорнија идентификувал 1500 студенти кои имале коефициент на интелигенција од 140 па нагоре. 80 од овие студенти имале IQ од 170. Тие биле следени и набљудувани во текот на целиот свој живот. Во крајните заклучоци за задоволството од животот, високиот степен на интелигенција е поврзан со незадоволство од животот.

Постојаното анализирање и мислење води кон социјална анксиозност. Неспособноста да се побара помош ја зголемува изолацијата, а обидувањето да се вклопат во околината води кон пад на самодовербата. Сите имаме некои демони со кои се справуваме, а интелигентните луѓе не се исклучок од тоа.

Промовирани огласи »

Во Србија 34.000 пензионери работат, и тоа во занаетчиски дејности, или на други места каде што нивното знаење и искуство може да се искористи, пишува српски Курир. 

За да се чувствуваат корисни, дел од граѓаните иако стекнале пензија, сепак работат.

Но, реално можеби бројката е уште поголема затоа што има пензионери кои работат со договор на дело или на „црно“. 

Од Градската организација на пензионери на Белград велат дека немаат точен податок, затоа што таквите информации често и пензионерите ги кријат.  Но, велат дека 10 отсто од нив ја менуваат професијата. По пензионирањето продолжуваат да работат пензионери, професори, лекари, ѕидари, металостругари и други. 

Промовирани огласи »

За помалку од еден месец, на сметките на скенирачите на фискални ќе легнат и парите од првиот поврат.

До средината на декември според најавите на министерката Ангеловска треба да легне сумата за првиот квартал од кога почна мерката „МојДДВ“ во чии рамки ќе почне и наградна игра.

Ако сте редовен скенирач на фискални тогаш може да очекувате и парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии а фондот за истата е половина милион евра .

Имено, 150 илјади граѓани се активни скенирачи на фискални сметки и помагаат во борба против сивата економија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »