За помалку од еден месец, на сметките на скенирачите на фискални ќе легнат и парите од првиот поврат.
До средината на декември според најавите на министерката Ангеловска треба да легне сумата за првиот квартал од кога почна мерката „МојДДВ“ во чии рамки ќе почне и наградна игра.
Ако сте редовен скенирач на фискални тогаш може да очекувате и парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии а фондот за истата е половина милион евра .
Имено, 150 илјади граѓани се активни скенирачи на фискални сметки и помагаат во борба против сивата економија.