Промовирани огласи »

Почетна нето плата - 23.500 денари + бонуси и можност за брзо напредување во работни позиции од комерцијата. Батери Еволушн вработува ДИСТРИБУТЕР: https://kariera.mk/job/9CSKTJlzNkqsekdZcAdQ1g/distributer

НЈСК Холдинг заради зголемен обем на работата има потреба од РАБОТНИЦИ ВО СЕКТОР ОДГЛЕДУВАЊЕ: https://kariera.mk/job/BlC9Yu9lZ0C7cI1mnX5XtQ/rabotnici-vo-sektor-odgleduvanje

Интернационална градинка Пиколини има потреба од НЕГУВАТЕЛ ВО ЈАСЛИ со минимум 2 годишно работно искуство во градинка: https://kariera.mk/job/Po3N8ErFF0a5NK1i6V17qQ/neguvatel-vo-jasli

Спорт Лаиф Трејд има потреба од вработување на ОПЕРАТОРИ за работа во Скопје: https://kariera.mk/job/yqLhoUHVT0u7BkKI0CvKRA/operatori-skopje

Туристичка агенција Камелија Турс е во потрага по ТУРИСТИЧКИ АГЕНТИ: https://kariera.mk/job/Q8Wz1kNcFEanGe0XadMffw/turistichki-agent

Allocate Software го проширува својот тим со SENIOR BUSINESS SYSTEMS ANALYST: https://kariera.mk/job/Tc6XhkClLU20MtAcX0niyQ/senior-business-systems-analyst

Белгискиот реномиран производител на автобуси - Ван Хоол со отворено работно место за ИНЖЕНЕР ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА: https://kariera.mk/job/FcB9p3ToQEKZtS_JrzPovA/inzhener-za-dizajn-i-konstrukcija

Промовирани огласи »

 Слоганот „Macedonia the GReat”, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М” како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, ознаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат проследени на меѓународно ниво, беа презентирани вчера во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

По презентацијата, грчкиот премиер рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет”.

Се обврзав дека ќе се справиме со негативните последици од Договорот од Преспа, поддржувајќи ги професионалните групации од Северна Грција за да се воспостават унифициран колективен идентитет, кој ќе ги раздвојува производите што се произведуваат отсега понатаму на македонската почва. Верувам дека овој софистициран знак, претставен денеска и кој веднаш ќе биде доставен до Европската канцеларија во Аликанте, ја постигнува оваа цел. Сигурен сум дека тоа е знак што ќе го прифатат сите производители од Македонија, ги покрива сите три региони: Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија, ќе биде поддржан од бизнисите и ќе ни овозможи да имаме централен идентитет за македонски производи, нагласи Мицотакис, додаде дека овој „идентитет упатува и на минатото, но и отвора пат за пооптимистичка посветла иднина”.

Промовирани огласи »

Дебатата за минималната плата денес ги скара пратениците од власта и опозицијата. Сепак, измените за предлог-законот беа изгласани со 59 гласови „за“. Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. 

Опозицијатра обвини дека покачувањето на платата не е доволно за да го достигне потребниот минимум за преживување на едно семејство, како и дека решението е донесено несистемски и набрзина, без анализа за штетата која ќе биде предизвикана врз економијата и бизнисот, како и тоа дека периодот на носење на измените е сомнителен, пред избори. 

Од опозицијата на крајот рекоа дека иако не се согласуваат со мерката што се носи пред избори, во име на граѓаните од загрозените социјални категории, ќе го поддржат законското решение.

Според пратениците од власта, покачувањето на платата е исполнување на она што е ветено во нивната програма со која дошле на власт. 

– Не гледам ниту конфузност, ниту контрадикторност. Зголемувањето на минималната плата е решение коешто ќе ја зајакне социјалата, ќе го подигне стандардот и не е популистичка мерка, туку мерка согласно програмата. Доколку не се покачеше минималната плата, би ве запрашала дали 9.000 денари, колку што беше платата, ќе беа доволни да се наполни потрошувачката кошничка – изјави пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска.

Промовирани огласи »

Поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование е целта на мерката месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност.

Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерството за труд и социјална политика беше утврден на седница на Владата и со него, како што соопштија од Министерството, придонесуваат за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. 

Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Младински додаток може да користи младо лице кое е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена  дејност, кое е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено  во задолжително социјално осигурување како индивидуален земјоделец, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »