НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:
Работници во Сектор Одгледување – 15 извршители
Потребни квалификации:
- ССС (средно земјоделско образование ќе се смета за предност)
- Минимум 1 година работно искуство
- Познавање на англиски јазик;
- Неосудуваност согласно казнена и кривична евиденција.
Работни задачи:
- Наводнување на растенија;
- Припрема на прихрана за растенија;
- Кастрење на растенија;
- Производство на нов расад;
- Пресадување и селекција на растенија.
Лични вештини:
- Способност за тимска работа;
- Следење на работни упатства и процедури;
- Ефикасност во извршување на работните задачи;
- Одговорност;
- Лојалност и дискреција.
При изборот на најповолни кандидати ќе бидат спроведени процес на селекција и два круга на интервјуа.
Писмото за мотивација, CV, копија од документите за завршено образование и дополнителни сертификати и дипломи да се достават лично на следната адреса:
НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје
бул. Борис Трајковски бр.73 (Управна зграда ОХИС – Втора капија),1000 Скопје или
на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Огласот трае 10 (десет) работни дена од денот на неговото објавување.