(преземи го огласот како слика)
http://www.trokaderofm.com/
Станете дел од Тимот на Trokaderofm International!
Нашите вработени се основата на нашиот успех!
Ние сме брзо-растечка компанија за производство и дистрибуција на брзо-ротирачки производи во категориите Храна, Хемија, и Пијалоци, присутни во 24 држави во светот. Нашата цел е да привлечеме кандидати со потенцијал за професионален раст, кои ја делат визијата на нашата компанија и се подготвени да придонесат за нејзиниот понатамошен развој. Во потрага сме по и вработуваме личности кои се стремат да постигнат одлични резултати на секое поле.
Инвестираме во нашите вработени и создаваме средина во којашто секој се чувствува како дел од едно големо семејство.
Доколку би сакале да работите посветено и воедно да учите нови работи, подготвени сме да Ви ја понудиме таа можност.
ОБЈАВА ЗА РАБОТНО МЕСТО КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА БИТОЛА И ПРИЛЕП (1 ПОЗИЦИЈА)
Потребни квалификации:
- ВСС / ССС
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Отвореност за успешно воспоставување на односи со клиенти и секојдневна комуникација со нив
- Познавање на албански и/или англиски јазик ќе се смета за предност
Опис на општите цели, задачи и одговорности:
- Секојдневна комуникација и градење односи со постоечки и потенцијални нови купувачи (динамична и ведра личност со ефективни комуникациски вештини)
- Имплементација на задачи со цел остварување на зададените цели (следење на залихи кај купувачите, реализација на нарачки/продажба, број активни продажни места, број нови клиенти, наплата, итн.)
- Презентација на нови производи на купувачите
- Позиционирање на производите според зададени трговски стандарди
- Комуникација со клиентите за спроведување на различни трговски активности (промоции, рабати, итн.), следење на активностите, и известување за резултатите
- Анализа на параметрите на продажбата, подготовка на извештаи и презентации за реализираните активности на пазарот
- Следење на конкуренцијата и подготовка на кратки извештаи за нивните активности на пазарот
- Работа со различен тип на документи (испратници, фактури, договори со клиенти)
Начин на аплицирање:
Испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “За комерцијалист – унапредувач на пазарот за Струга, Охрид, Кичево, Скопје, Куманово”
Забелешка:
- Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат зачувани и користени од страна на компанијата во рок од 1 (една) година
- Единствено апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани
- Работното време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до сабота (вклучително)
ОБЈАВА ЗА РАБОТНО МЕСТО КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА КУМАНОВО (1 ПОЗИЦИЈА)
Потребни квалификации:
- ВСС / ССС
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Отвореност за успешно воспоставување на односи со клиенти и секојдневна комуникација со нив
- Познавање на албански и/или англиски јазик ќе се смета за предност
Опис на општите цели, задачи и одговорности:
- Секојдневна комуникација и градење односи со постоечки и потенцијални нови купувачи (динамична и ведра личност со ефективни комуникациски вештини)
- Имплементација на задачи со цел остварување на зададените цели (следење на залихи кај купувачите, реализација на нарачки/продажба, број активни продажни места, број нови клиенти, наплата, итн.)
- Презентација на нови производи на купувачите
- Позиционирање на производите според зададени трговски стандарди
- Комуникација со клиентите за спроведување на различни трговски активности (промоции, рабати, итн.), следење на активностите, и известување за резултатите
- Анализа на параметрите на продажбата, подготовка на извештаи и презентации за реализираните активности на пазарот
- Следење на конкуренцијата и подготовка на кратки извештаи за нивните активности на пазарот
- Работа со различен тип на документи (испратници, фактури, договори со клиенти)
Начин на аплицирање:
Испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “За комерцијалист – унапредувач на пазарот за КУМАНОВО”