Промовирани огласи »

Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет а со тоа растат предизвиците и за државата и за компаниите. Министерството за финансии, Царинската управа и Владата се соочуваат со години со барањето да се зголеми прагот на вредноста до која пратките се ослободени од плаќање увозни давачки. Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека се размислува за негово зголемување, а оптималниот праг ќе го дадат анализите што во моментов се прават во Министерството. 

Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањето на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање на царина. Од друга страна има голем притисок на одредена категорија на граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на  подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста - рече министерката Нина Ангеловска, на промоцијата на скенерот за контрола на поштенски пратки во царинската испостава Пошта-Скопје, донација на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. 

Укажувајќи дека има значителен простор за подобрување, министерката Ангеловска посочи на Индексот на логистички перформанси, кој ја мери ефикасноста и квалитетот на поштенската испорака и е многу значаен за развој на електронската трговија. Според овој индекс, Македонија е на 99 место од оценети околу 150 економии, односно индексот изнесува 2,61 процент. Од 6. индикатори кои мери овој индекс, индикаторот по кој сме на пониско ниво е ефикасноста на процесот на царинење. 

Употребата на скенерот е еден чекор за подобрување на царинењето на малите пратки. Тој ќе овозможи без да се отвораат пратките да се види што има во нив. Со тоа се намалува можноста за злоупотреба и се врши автоматизација на процесот. Освен на олеснување на увозот, се работи и на олеснување на извозот. Преку електронско поднесување на извозните декларации, од први јануари,  им олеснуваме на македонски компании, ги правиме поконкурентни и овозможуваме електронската трговија да понуди поголеми можности за раст на домашните компании преку пласирање на странски пазари - рече Ангеловска.

Од гледна точка на Царината, е-трговијата се користи за продажба на физички производи преку интернет, вклучително и фалсификувани производи, за кои мора да бидеме подготвени и да превенираме, рече директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Со употребата на скенерот ќе се забрза прегледот на е-пратките и ќе се зголеми можноста за откривање на недозволена трговија. Ако зборуваме за безбедноста, пред сѐ за заштита на населението, што е една од примарните задачи на Царинската управа, скенерот овозможува детектирање на пратки кои согласно позитивните законски прописи содржат материи кои се забранети за внесување во нашата држава. Од друга страна, наша задача е да го заштитиме правото на интелектуална сопственост, како и други мерки на трговска политика- посочи Танасоски. 

Министерката за финансии Ангеловска информираше и дека во тек се сеопфатни анализи кои ќе покажат кој е оптималниот праг за ослободување од увозни давачки кај малите пратки. Според важечката регулатива, мала пратка  чија вредност надминува вредност од 45 евра подлежи на плаќање на увозни давачки. Во ЕУ, тој праг е 150 евра. При тоа, граѓаните што се враќаат од странство преку граничен премин, можат со себе да носат стоки во вредност од 350 евра, и за нив да не платат увозни давачки. 

Вториот момент кога споменав дека работиме на подобрување на процесите е да одговориме на бројните иницијативи за зголемување на прагот. Разговараме прагот да се зголеми на околу 80-90 евра. Кој е оптималниот праг ќе покажат анализите што во моментов се прават во Министерството за финансии - посочи Ангеловска. 

Податоците покажуваат дека во царинска испостава Пошта Скопје, во 2018 година вкупно пристигнале 4.392 пратки, а во првите шест месеци од 2019 година 2.811 пратки, што покажува дека бројот на пратки расте со темпо од околу 30 проценти. Тој број ќе продолжи да расте и тоа креира дополнителен предизвик за дигитализација и автоматизација на поштите. 

Мора дополнително да работиме на олеснување на процесите, слободното движење на стоки, но при тоа да се вршат засилени контроли и да може, врз основа на анализи на ризик да се скрати нивното времетраење - укажа Ангеловска.

Скенерот се очекува за два до три дена да ја скрати процедурата за доставување на малите пратки до крајниот корисник, како и да ги намали трошоците на граѓаните бидејќи пратките за кои ќе се утврди дека не се сомнителни, ќе се пуштаат без задржување и без дополнителна наплата на трошоци.

Скенерот, во вредност од 59.000 долари е донација на амбасадата на САД во РС Македонија и е дел од донацијата на опрема од 80.000 долари, во што е вклучена и обука на вработените. Амбасадата на САД преку Програмата EXBS во изминатите години ѝ донираше на Царинската управа оперативна опрема во вредност од над 2 милиони американски долари, со цел да се унапреди целокупното царинско работење. 

Промовирани огласи »

Според податоците од Оделот за население на ОН и Светска Банка, кои го откриваат процентот на жители на една земја што живеат во урбани средини, кнежеството Монако, кое по дефиниција е град-држава, го зазема можеби очекуваното прво место со 100 отсто. Зад Монако е Белгија, каде што 98 проценти од населението живее во градски области.

Молдавија е на другата страна на списокот, со помалку од половина од населението (43 проценти) кои живеат во урбани средини.

Босна и Херцеговина е зад Молдавија - повеќе од половина од населението не живее во урбано опкружување, односно 48 проценти.

Во останатите земји од Западен Балкан, голем број од населението не живее во урбани средини. Во Словенија, 54% од населението живее во урбани средини, во Србија 56, во Хрватска 57, во Македонија 58%.

Во регионот, најголем процент од населението што живее во урбани средини има во Црна Гора - 67 проценти.

Во Топ-10 покрај Молдавија, Биг, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија, се уште и Романија, Словачка, Азербејџан и Австрија. 

Анкетата не користеше единствена методологија, туку методологии што ги користат статистичките канцеларии на одделни земји како различни дефиниции за урбаното опкружување.

Промовирани огласи »

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај  дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 62 денара.

За 0,004 денари поскапува мазутот М-1 HC , и новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Промовирани огласи »

По улиците низ земјава се вози кршот од  Европската унија, па така за 10 години се увезени дури  304.183 половни автомобили од странство.

Ова го покажува статистиката на Царинската управа за увозот на возила, според која од 2010-та година кога беа воведени поволностите од претходната Влада за слободен увоз на странски половни возила во земјава рапидно расте бројот на увезените половни на сметка на увозот на новите возила. И додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, статистиката покажува дека добар дел од овие автомобили се дизел и со ЕУРО 3 или 4 стандард, односно испуштаат многу повеќе издувни штетни гасови за животната средина. Власта пак сеуште калкулира и со еколошките налепници, со кои требаше да се обележат возилата според тоа колку загадуваат.

Пет пати поголем увозот на половни наспрема нови автомобили

Податоците на Царинската управа покажуваат дека само до септември  годинава во земјава се увезение 25.562 половни возила од странство. По годините бројките варираат и просекот се движи од околу 23.000 до 35.000 увезени половни возила. Најголемиот бум на пазарот се случил токму во 2010-та година кога биле увезени дури 51.399 половни возила.

Статистиката покажуава дека во 2009 година заедно со товарните биле увезени вкупно 16.151 возила, од кои само 2.944 биле половни, а дури 10.574 биле нови. Од таа година па наваму, увозот на нови автомобили паднал за повеќе од половина.

Дури 270.000 автомобили се постари од 15 години

Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека повеќе од половината од возниот парк во земјава е постае од 15 години. Така од регистрирани  415.051 патнички автомоболи лани, дури 270.075 се со година на производство пред  2004 година. Додека пак во 2018 година се регистрирани само 4.138 нови автомобили.

Лани биле регистрирани  415.000 автомобили, половината возат на дизел

Податоците покажуваат дека лани во земјава биле регистрирани 415.062 автомобили од кои 208.805 возеле на дизел. Додека 194.384 биле на бензин, а 11.706 возеле и на бензин и на гас.Статистиката покажува дека од година во година се регистрираат се повеќе автомобили

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »