Промовирани огласи »

Несовесен сопственик кој го напуштил своето куче заработи казна од 500 евра во денарска противвредност. Тој ја напуштил кучката заедно со уште три кучиња кои биле нејзин подмладок, а пред инспекциските служби потврдил дека е сопственикот.

Казната му е изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и е најверојатно прва во земјава. За случајот информираа и од АХВ. -Во конкретниот случај, казната е изречена врз основа на поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните, која го вдомила кучето, а која по неколку месеци, истото го нашла напуштено заедно со уште три кучиња, нејзин подмладок.

Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, зашто немал поднесено пријава.

По пронаоѓањето, кучката која според претставниците на невладината организација чека вдомување во Англија, била повторно згрижена од нивна страна и стерилизирана, а нејзините кучиња се вдомени – информираат од агенцијата.

Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ.

За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици.

Извор - Фокус.мк

Промовирани огласи »

Конференцијата "200 Жени Претприемачки" се одржува денес во Рагуза360. Изборот “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk)  ќе се оддржи во склоп на конференцијата.

Конференцијата започна во 09:00 часот, а плакетите за победничките во изборот “Жена на годината” ќе бидат доделени со почеток од 13:30 часот. За изборот беа номинирани 569 жени, а како финалисти влегоа  50 жени во 10 различни категории. Победничките по категории ќе ги избере жири-комисија составена од 10 професионалци кои доаѓаат од медиумите и бизнисот.

Меѓу присутните се: жени сопственички на бизнис, жени со неограничени претприемачки идеи, жени кои се менаџери, жени кои се лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн). Но, и жени на кои им недостига охрабрување да го направат следниот чекор.

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) од земјава и странство, кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претприемаштвото. Презентерите на сите учесници ќе им дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

Покрај официјалниот дел на настанот, се очекува да има многу дружење, вмрежување, ќе се остваруваат нови трајни пријателства, нови контакти и соработници, но ќе се доделуваат и плакети за најдобрите жени.

KARIERA.mk е пријател на оваа конференција.

Промовирани огласи »

Компании како „Мајкрософт“ и „Шејк Шек“ неодамна експериментираа со четиридневната работна недела, како дел од напорите да им помогнат на своите вработени да постигнат подобар баланс помеѓу работата и животот. И додека намалувањето на работната недела за еден ден може да ги мотивира вработените да направат повеќе работи во пократок временски рок, има недостаток што може да биде резултат од само четири работни дена неделно. Пократко работно време може да значи помалку време за можности што може да ја унапредат кариерата на вработениот на подолг рок, како мрежно поврзување со важни врсници во индустријата, пренесува KARIERA.MK.

На пример, лице кое работи само четири дена неделно може да одлучи да не руча со колега или клиент што може да доведе до важен проект во иднина, бидејќи тој или таа нема доволно време за да го стори тоа. Во една студија од 7.500 вработени, во извештајот од Галуп се утврдува дека 23% од работниците се секогаш или многу често се чувствуваат исцрпени од работа, додека пак 44% рекле дека се чувствуваат исцрпени понекогаш од работата. Прекинувањето на еден ден од работното време може да помогне во решавањето на тој проблем, истовремено со потенцијално подобрување на продуктивноста принудувајќи ги работниците да искористат максимум од своето време во канцеларијата, пренесува KARIERA.MK. Но, според светските менаџери, веројатно подобар резултат ќе има кога на вработените ќе им се дозволат флексибилни часови отколку вметнување 4-дневна работна недела. Ако вработениот се бори да работи околу важни заложби кои не се поврзани со својата професија, како назначувања на доктор или да се грижи за дете или член на семејството, тој или таа би можеле да побараат да работат подолго време од понеделник до четврток и да работат со скратени работни часови во петок.

"Тоа ќе биде прашање на оптимизам", пренесува KARIERA.MK, за бројот на идеалните часови кои вработените треба да ги работат во текот на неделата.

Промовирани огласи »

 Премиерот Зоран Заев апелира до надлежните институции да изрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата. 

За такво нешто, како што рече, со Кривичниот законик, е регулирана казна затвор, а работниците треба да пријавуваат доколку има такви случаи.

Ако државата, синдикатот,  коморите,  стиснале заби и направиле сериозен исчекор поврзан со минимналната плата во амбиент кога државата ги субституира придонесите за секое покување, вклучително и за минималната плата,  апелирам до сите за казнивост веднаш за оваа незаконитост што ја спомнавте како можност. Тоа не само што е незаконитост, туку е и зло. Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло. Зборуваме за плата од 14.500 денари, а сметките на четиричлено семејство се 10.000 со сите штедења. Законите предвидуваат затвор, ова е регулирано во Кривичниот законик. Апелирам до сите, Трудовиот инспекторат, Финансоовиот инспекторат, Финансиската полиција, мојот Кабинет стои на располагање, изјави Заев, одговарајќи на новинсраки прашања на прес-конференцијата во Владата за платформата „Отворени финансии".

Според Заев, за да пријават работниците можат да ги користат сите алатки на демократијата.- Тука им е секој медиум, има можност за заштитеност на нивниот идентитет, има можност да си го ангажираат синдикатот, анонимно да контактираат со инспекции, да се јават во мојот и во кабинетите на министрите, рече премиерот Заев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »