Во септември, просечната плата изнесувала 25.435 денари.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата има раст од 4,4 отсто во однос на септември минатата година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 8,8 отсто, административни и помошни услужни дејности за 7,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 7,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.
52.420 денари нето земаат вработените во воздухопловен транспорт, 45.240 во информации и комуникации, а во финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 42.255 денари. Вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности земаат нето плати од 61.477.