Промовирани огласи »

 Премиерот Зоран Заев апелира до надлежните институции да изрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата. 

За такво нешто, како што рече, со Кривичниот законик, е регулирана казна затвор, а работниците треба да пријавуваат доколку има такви случаи.

Ако државата, синдикатот,  коморите,  стиснале заби и направиле сериозен исчекор поврзан со минимналната плата во амбиент кога државата ги субституира придонесите за секое покување, вклучително и за минималната плата,  апелирам до сите за казнивост веднаш за оваа незаконитост што ја спомнавте како можност. Тоа не само што е незаконитост, туку е и зло. Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло. Зборуваме за плата од 14.500 денари, а сметките на четиричлено семејство се 10.000 со сите штедења. Законите предвидуваат затвор, ова е регулирано во Кривичниот законик. Апелирам до сите, Трудовиот инспекторат, Финансоовиот инспекторат, Финансиската полиција, мојот Кабинет стои на располагање, изјави Заев, одговарајќи на новинсраки прашања на прес-конференцијата во Владата за платформата „Отворени финансии".

Според Заев, за да пријават работниците можат да ги користат сите алатки на демократијата.- Тука им е секој медиум, има можност за заштитеност на нивниот идентитет, има можност да си го ангажираат синдикатот, анонимно да контактираат со инспекции, да се јават во мојот и во кабинетите на министрите, рече премиерот Заев.

Промовирани огласи »

Во септември, просечната плата изнесувала 25.435 денари.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата има раст од 4,4 отсто во однос на септември минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 8,8 отсто, административни и помошни услужни дејности за 7,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 7,3  отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.

52.420 денари нето земаат вработените во воздухопловен транспорт, 45.240 во информации и комуникации, а во финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 42.255 денари. Вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности земаат нето плати од 61.477. 

Промовирани огласи »

На 166  седница на Владата на Северна Македонија е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.

„Со предложениот закон се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари, и се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања. Со оваа новина во законот се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6000 денари, со што во голема мерка се заштедува на време, хартија и на административна постапка“, информираат од Владата. 

Истовремено, предложениот закон има за цел да овозможи ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО. 

Промовирани огласи »

Elena Luka Home, една од најголемите градежни компании во Македонија, вработува АРХИТЕКТИ: https://kariera.mk/job/VMBsCeOKEEKkoaMsBrvG3g/arhitekti

Мотиви, за Данска компанија, е во потрага по EMAIL DEVELOPER & OPERATOR: https://kariera.mk/job/Sp7c_fOioUiyrWxmkJrwWw/email-developer-operator

Vox Teneo со отворени работни места за:

ТАВ Македонија со отворени работни позиции - ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ: https://kariera.mk/job/OD7PNXVcsU23Q85oa6gKGg/otvoreni-rabotni-pozicii-chovechki-resursi

Нови Системи објавува оглас за работната позиција - ПРОЕКТ МЕНАЏЕР: https://kariera.mk/job/1YdkJXBciUq-419-V-xTyg/proekt-menadjer

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »