Конференцијата "200 Жени Претприемачки" се одржува денес во Рагуза360. Изборот “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk) ќе се оддржи во склоп на конференцијата.
Конференцијата започна во 09:00 часот, а плакетите за победничките во изборот “Жена на годината” ќе бидат доделени со почеток од 13:30 часот. За изборот беа номинирани 569 жени, а како финалисти влегоа 50 жени во 10 различни категории. Победничките по категории ќе ги избере жири-комисија составена од 10 професионалци кои доаѓаат од медиумите и бизнисот.
Меѓу присутните се: жени сопственички на бизнис, жени со неограничени претприемачки идеи, жени кои се менаџери, жени кои се лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн). Но, и жени на кои им недостига охрабрување да го направат следниот чекор.
На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) од земјава и странство, кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претприемаштвото. Презентерите на сите учесници ќе им дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.
Покрај официјалниот дел на настанот, се очекува да има многу дружење, вмрежување, ќе се остваруваат нови трајни пријателства, нови контакти и соработници, но ќе се доделуваат и плакети за најдобрите жени.
KARIERA.mk е пријател на оваа конференција.