Промовирани огласи »

Eвростат објави податоци за тоа колку се среќни жителите на земјите во ЕУ, при што Хрватска е на дното на листата, но и Бугарија. 

Жителите на Финска се најзадоволни од својот живот. Aко Финците дале оценка 8.1, Бугарите дале оценка 5.4, а Хрватите 6.3. 

Под просекот се и Литванија, Грција, Унгарија, Португалија, Летонија, Естонија, Кипар, Италија, Словенија, Романија, Франција и Шпанија.

Но, на Финците друштво им прават Австријците, Данците, Полјаците, Швеѓаните и Холанѓаните. 

Промовирани огласи »

Проверка на знаењето од германски јазик и старосна граница се воведува од 1 март за жителите од Западен Балкан кои сакаат да заминат во Германија. 

Ова е во согласност со Законот за емиграција, информираат од германско - српската стопанска комора, пишуваат српските медиуми

Отсега ќе биде потешко за заминување, и жителите од регионот, нема да имаат привилегии во однос на другите делови од светот. 

Сега познавањето на германскиот јазик ќе мора да биде на високо ниво, што претходно не беше случај. 

И старосна граница ќе има, иако засега не е прецизирано до која возраст луѓето ќе можат да заминуваат во Германија. 

Промовирани огласи »

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, најави дека оваа Нова година елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана. Новата елка и „Винтерленд“ градоначалникот ги наброја како дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

Лани, кога го промовиравме ‘Винтерленд’, наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да се посети. Лани навистина немаше човек од Скопје, а можеби и од Македонија што немаше фотографија под новогодишната елка. Оваа година ќе биде малку и дигитализирана елката, ама ќе ја видите. Ајде да не зборуваме и да не ги откриваме сите работи однапред, рече Шилегов.

Додаде дека во изминатите две години се случиле убави концертни настани и оцени дека е подигнато нивото на културата во главниот град.

Од минатата година просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, а граѓаните имаат можност да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички во новогодишната населба. Шилегов најави и дека е потврден настапот на регионалната поп-ѕвезда од БиХ Дино Мерлин за време на новогодишната ноќ. Скопје ќе биде во новогодишно руво од 1 декември.

Промовирани огласи »

Несовесен сопственик кој го напуштил своето куче заработи казна од 500 евра во денарска противвредност. Тој ја напуштил кучката заедно со уште три кучиња кои биле нејзин подмладок, а пред инспекциските служби потврдил дека е сопственикот.

Казната му е изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и е најверојатно прва во земјава. За случајот информираа и од АХВ. -Во конкретниот случај, казната е изречена врз основа на поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните, која го вдомила кучето, а која по неколку месеци, истото го нашла напуштено заедно со уште три кучиња, нејзин подмладок.

Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, зашто немал поднесено пријава.

По пронаоѓањето, кучката која според претставниците на невладината организација чека вдомување во Англија, била повторно згрижена од нивна страна и стерилизирана, а нејзините кучиња се вдомени – информираат од агенцијата.

Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ.

За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици.

Извор - Фокус.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »