Промовирани огласи »

ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја потсетува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање што започна на 04.11.2019 (понеделник), ЗАВРШУВА на 29.11.2019 (петок).

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да ја искористат последната недела од оваа акција, од 25.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање. 

Промовирани огласи »

Метрополата за новогодишните празници ќе свети во боите на тендер тежок 285. 000 евра. Годинава на скопскиот плоштад ќе има и дигитална елка. Дигитализирањето на новогодишното дрво, украсените булевари и огномети го урнаа минатогодишиот рекорд од околу 260 000 евра искеширани за новогодишно декорирање на главниот град.

Според градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов нема ништо незаконско во тоа што фирмата Линк Медиа Плус која како опозиција често ја критикуваа на пресовите на Бихачка , 10та година по ред е ангажирана за новогодишно украсување на Скопје. 

Сопственикот на фирмата Линк Медиа Плус, Ѓорѓи Вуков во телефонски разговор за Телма вели дека висината на тендерот ја одредуваат надлежните, но и открива и дека за прв пат оваа година ќе бидат украсени повеќе булевари а и дека во целата сума спаѓаат и огнометите за дочекот на Новата година.

Деновиве на големо се местат светилки на скопските булевари, а според најавите на Шилегов Скопје украсените улици ќе светнат на први декември.

(извор:Телма)

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинување на сметкопотврдата предвидено со измените на Законот за данок на додадена вредност. Ова го истакнаа денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и преставници на сметководствениот сектор на прес-конференција во Министерството за финансии.

Министерката вели дека со измените кои се предложени кај законот за ДДВ, се укинува сметкопотврдата како пропратен документ на фискалната сметка за правдање на трошоци до износ од 6.000 денари. Со оваа измена, ДДВ обврзник, за да искористи право на поврат на влезен ДДВ, или „право на ДДВ по одбивка“ за промет до 6.000 денари, не треба да поседува сметкопотврда. Доволно е да поднесе само фискална сметка на која стои и производот и сумата потрошена за истиот.

Во многу развиени земји, па и во регионот овој документ е укинат и не се користи. Светот брзо се менува, зборуваме за електронско смертководство во развиените земји, зборуваме за безхартиена околина и мораме и ние и нашата администрација да го следи тоа за да можеме да го олеснуваме се повеќе и повеќе работењето на компаниите и да го подобруваме деловното окружување.Ова е само еден мал дел од мозаикот во промени и олеснувања на подобрување на деловното окружување и на намалување на административниот товар, и од страна на компаниите и за ослободување на ресури на даночната администрација. Како што знаете приоритет ни е борбара против сивата економија, а на овој начин, администрацијата ќе се користи таму каде што ќе биде попотребна, рече Ангеловска.

Според неа, оваа мерка е и во насока на заштита на животната околина, ако се земе во предвид дека со помала потрошувачка на хартија ќе се влијае на намалување на сеча на дрвјата.

Сметководителите ја поздравија иницијативата на Министерството за финансии за намалување на административниот товар и за поедноставување на постапката.

Ова беше непотребна процедура која го оптоваруваше работењето. Со тргање на сметкопотврдата се поедноставува постапката, бидејќи сега имаме само еден документ при обработка на податоците. Претходно имавме два идентични. Се штеди време, се штеди на простор, се штеди на хартија и навистина со ова навистина ќе се олесни нашата работа, вели Елизабета Ицева, финансиски менаџер.

Со ова воглавно ќе се подобри администрирањето помеѓу даночните обврзници во самиот промет и она што е уште поедноставно и полесно кај даночните обврзници е дека ќе се избегне онаа евиденција и чување на хартија во нивните простории. Она на што би обрнал внимание повеќе кај даночните обврзници е дека укинувањето на сметкопотврдата не претставува избегнување на обврската за докажување на прометот, рече Звонко Кочовски, овластен ревизор.

Министерката за финансии Ангеловска соопшти и дека со измените на Законот за ДДВ се подига и прагот за ДДВ обврзник од 1 на 2 милиони денари.

Би сакала да истакнам дека при ММФ техничката мисија беше пофалено ова решение и од нивна страна, бидејќи е во насока на ослободување на ресурсите на даночната администрација и на олеснување на процедурите за малите и средни компании, рече Ангеловска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »