Промовирани огласи »

Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинување на сметкопотврдата предвидено со измените на Законот за данок на додадена вредност. Ова го истакнаа денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и преставници на сметководствениот сектор на прес-конференција во Министерството за финансии.

Министерката вели дека со измените кои се предложени кај законот за ДДВ, се укинува сметкопотврдата како пропратен документ на фискалната сметка за правдање на трошоци до износ од 6.000 денари. Со оваа измена, ДДВ обврзник, за да искористи право на поврат на влезен ДДВ, или „право на ДДВ по одбивка“ за промет до 6.000 денари, не треба да поседува сметкопотврда. Доволно е да поднесе само фискална сметка на која стои и производот и сумата потрошена за истиот.

Во многу развиени земји, па и во регионот овој документ е укинат и не се користи. Светот брзо се менува, зборуваме за електронско смертководство во развиените земји, зборуваме за безхартиена околина и мораме и ние и нашата администрација да го следи тоа за да можеме да го олеснуваме се повеќе и повеќе работењето на компаниите и да го подобруваме деловното окружување.Ова е само еден мал дел од мозаикот во промени и олеснувања на подобрување на деловното окружување и на намалување на административниот товар, и од страна на компаниите и за ослободување на ресури на даночната администрација. Како што знаете приоритет ни е борбара против сивата економија, а на овој начин, администрацијата ќе се користи таму каде што ќе биде попотребна, рече Ангеловска.

Според неа, оваа мерка е и во насока на заштита на животната околина, ако се земе во предвид дека со помала потрошувачка на хартија ќе се влијае на намалување на сеча на дрвјата.

Сметководителите ја поздравија иницијативата на Министерството за финансии за намалување на административниот товар и за поедноставување на постапката.

Ова беше непотребна процедура која го оптоваруваше работењето. Со тргање на сметкопотврдата се поедноставува постапката, бидејќи сега имаме само еден документ при обработка на податоците. Претходно имавме два идентични. Се штеди време, се штеди на простор, се штеди на хартија и навистина со ова навистина ќе се олесни нашата работа, вели Елизабета Ицева, финансиски менаџер.

Со ова воглавно ќе се подобри администрирањето помеѓу даночните обврзници во самиот промет и она што е уште поедноставно и полесно кај даночните обврзници е дека ќе се избегне онаа евиденција и чување на хартија во нивните простории. Она на што би обрнал внимание повеќе кај даночните обврзници е дека укинувањето на сметкопотврдата не претставува избегнување на обврската за докажување на прометот, рече Звонко Кочовски, овластен ревизор.

Министерката за финансии Ангеловска соопшти и дека со измените на Законот за ДДВ се подига и прагот за ДДВ обврзник од 1 на 2 милиони денари.

Би сакала да истакнам дека при ММФ техничката мисија беше пофалено ова решение и од нивна страна, бидејќи е во насока на ослободување на ресурсите на даночната администрација и на олеснување на процедурите за малите и средни компании, рече Ангеловска.

Промовирани огласи »

Од први декември почнуваме со повратот на Мој ДДВ, со што околу три милиони евра влегуваат назад на сметките на граѓаните, рече директорката на Управта за јавни приходи, Сања Лукаревска, која е и членка на Централниот одбор на СДСМ, на денешната партиска трибина. 

Таа додаде дека од 1 јули оваа година, скенирани се 38 милиони сметки, што е показател дека мерката Мој ДДВ функционира.

А Управата за јавни приходи пред неколку дена преку соопштение им порача на граѓаните кои учествуваат во проектот „Мој ДДВ“ и скенираат сметки  - да проверат во нивните апликации дали им се внесени трансакциските сметки, бидејќи исплатата за првите три месеци следува во декември.

„Согласно член 8 и член 16 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица (Службен весник на РСМ, бр.133 од 28.06.2019 година), Управата за јавни приходи по службена должност во декември 2019 година ќе изврши враќање на дел од данокот на додадена вредност на трансакциска сметка на граѓаните-корисници на апликацијата МојДДВ“, соопшто УЈП.

За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата МојДДВ, за да им се изврши враќањето на данокот“, се вели во известувањето.

Од Управата потенцираа дека корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ треба да внесат лична трансакциска сметка, бидејќи во спротивно нема да може да се изврши враќање на данокот.

Промовирани огласи »

Барањето за породилно отсуство од 12 месеци повторно се враќа во игра. Го испорача Сојузот на синдикатите на Македонија на последните преговори со Владата и работодавачите, за новиот закон за работни односи, кој треба да биде готов до крајот на годинава. 

Според сознанија на Фактор, на разговорите, покрај ова барање, се споменале и други варијанти. Едно од нив е доколку мајката има близначиња, времетраењето на породилното отсуство да се зголеми на 18 месеци, односно година и половина. Било разговарано и за евентуална можност за одреден период отсуство и за татковците.

За дел од бизнисмените, синдикалните барања се неразбирливи за едно модерно време какво што е денешното. 

Имено, работодавачите се на став дека породилно отсуство од една година е добро од аспект на демографските политики, но прашањето е како, во одредени дејности каде многу брзо напредува дигитализацијата и технологијата, ќе изгледа враќањето на некој што бил отсутен цела година, и кој ќе биде целосно аут од новите технолошки процеси. 

Двете страни немаат уште долг период да ги испеглаат своите ставови.

А породилно отсуство од 12 месеци не е нова тема. Таков предлог закон пред извесен период поднесоа група пратеници, но тој не беше прифатлив за мнозинството.

Промовирани огласи »

Се предизвикал себеси, но и луѓето околу себе да работат попаметно, повеќе и посилно како тој, а тие можеле да остварат се што сакаат.

Џобс верувал во моќта на барањето, верувал дека сите можеме на некој начин да се истакнеме во иднината, пишува порталот Пословни плус.

А, она што е уште поважно е тоа дека Стив Џобс верувал во темелна сила на верување во самиот себе и користење на тоа уверување да не мотивира и да ни пружи инспирација.

Еден од големите причини поради кои поголемиот дел од нас не се осудува да постигне поголема цел е тоа што сметаме дека прво треба да се развие сеопфатен детален план, оној во кој секој чекор е зацртан и однапред дефиниран и дека само така ја постигнуваме целта.

Поради тоа што немаме таков план – бидејќи неговото создавање во самата основа е невозможен – се двоумиме, поради тоа што сакаме да го видиме крајот пред самиот почеток. И затоа никогаш не започнуваме.

Џобс знаел дека плановите никогаш не се совршени. Она што навистина се случува е тоа дека луѓето кои на крајот успеваат, започнале со пробување на работите. Многу различни работи каде во некои би доживеале успех, а во некои неуспех, но токму од нивните успеси или неуспеси може да се научи.

Сакате да покренете бизнис? Сакате да го подбрите своето здравје? Сакате да ја смените кариерата? Утврдете ги своите чекори и покренете се.

Најважно од се е да верувате во себе

Верувајте дека ќе знаете како да реагирате на препреките и предизвиците кои ќе ви се појават на патот. Верувајте дека ќе станете помудри од тоа искуство. Верувајте дека ќе станете повешти, поискусни и посвесни за самите себе.

Пробајте нови работи, учите од секој успех, но и од секој неуспех и со текот на времето ќе ги имате сите вештини, искуства и знаења кои ви се потребни. Никогаш не можете да бидете сигурни дека ќе успеете, но кога не верувате во себе и се плашите да пробате нешто ново, тогаш сте сосема свесни дека нема да успеете.

Верувајте дека се ќе дојде на место и дека ќе биде токму како што треба да биде, а во меѓувреме вашиот живот ќе стане поинтересен и сигурно позабавен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »