Според најновиот извештај на Credit Suissea за средината на 2019 година, Швајцарците сè уште се граѓани кои поседуваат најскап имот во светот. Средствата по глава на жител во Швајцарија изнесуваа 509.882 евра.
На второ место е Хонг Конг, каде поединците имаат просечно богатство од 441.800 евра. Американците се најдоа на третото место со 390.426 евра. Богатството се однесува на финансиските и нефинансиските средства на една личност, а треба да се земе со релативна доза бодејжи неколку ултрабогаташи може да ја искриват целата слика.
Во земјите од регионот, далеку најбогати се Словенците, со средства во вредност од 110.625 евра. Во Хрватска, просечното богатство на една личност е 56.712, а во Црна Гора 48.296 евра. Вкупното богатство на поединец во Босна и Херцеговина е 25.168 евра и во Србија 22.617 евра. Credit Suissea нема податоци за Македонија.
Најсиромашни се суданските граѓани, со просечно богатство од 482 евра. Во Бурунди просечното богатство е 550 евра а во Сиера Леоне е 626 евра.