Промовирани огласи »

Претседателот на Конфедерацијата на финските индустрии (ЕК) Вели Мати Матила, соопшти дека просечните плати на вработените во таа земја се 10 до 15 отсто превисоки.

Како што јавува финскиот весник Хелсингин саномат, Матила, кој воедно е и шеф на одборот на една голема компанија за телекомуникации, повика на намалување на платите и воведување нови мерки со кои би се намалиле трошоците на трудот, а сѐ за Финска да може на пазарот да се носи со Германија и Шведска.

Минатото лето работничките организации и синдикати се согласија на продолжено работно време, замрзнување на платите и помали годишни одмори, а во исто време пораснаа износите кои мора да ги плаќаат за разните социјални услуги што ги пружа државата.

На неговата изјава бурно реагираа опозициските политичари, па така лидерот на финската Зелена партија Виле Нинисто изјави дека Матила заработува 70 отсто повеќе од просечниот фински работник и го нарече алчен.

Промовирани огласи »

Грозницата за матурската вечер почна да „ги тресе” учениците во четврта година во средните училишта. За родителите, секако горди што нивните деца завршиле еден важен период од животот, матурската вечер претставува и удар на семјниот буџет, за кој со месеци се подготвуваат, пишува Вечерњи лист на БиХ.

Притоа, парите кои треба да ги издвојат е релативна работа, зависи од можностите, желбите, навиките и многу други фактори. Иако многу родители се свесни од преголемата галама која се крева околу прославата за овој ден, никој од нив не сака детето да им биде исклучок и да се двои од генерацијата на која припаѓа. Сепак се поголем број од нив не се во можност на своите ќерки да им купат прв свечен фустан во животот, први салонски чевли, чанта, накит и шминка.
За матурските прослави родителите на матурантите треба да издвојат најмалку 300 КМ, а износот може да биде и до 1000 КМ, што за многу семејства е износ кој покрај сите одрекувања не можат да го издвојат, посебно ако земеме предвид дека просечната плата во БиХ е нешто поголема од 800 КМ, а најголем број семејства преживуваат со само 600 до 700 КМ.

Свесни за состојбата во која живееме и фактите дека на девојките матурската вечер им е еден од најважните настани во животот, неколку жени од Мостар лани основале група на социјалната мрежа Фејсбук под името „Матура за 5”.

Целта им била да соберат фустани, одела, чевли, накит и се што е потребно да им помогнат на средношколците кои не се во можност да ги сносат сами наведените трошоци, да заблескаат на матурската вечер.

Својата мисија лани ја исполнија! Им помогнаа на над 100 матуранти лошата финансиска состојба да не ја почувствуваат на свечената матурска вечер, на крајот на средното образовение и влезот во светот на возрасните.

Минатата година се потпревме само на ХН жупанијата, но нашата акција се прошири на целата БиХ – рече за Вечерњи Матеја Ловриќ, една од покренувачите на оваа акција.

Промовирани огласи »

Компаниите бараат работници. Според податоците на Агенцијата за вработување во моментов има вкупно 6.273 слободни работни места. Според Агенцијата, најмногу огласи за вработување имаат компании од Скопје, а најмногу се бараат продавачи, хигеничари, келнери.

Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека од вкупниот број слободни работни места, 3.438 слободни работни места се во Скопје, 532 се во Битола. Во Кочани ма 295 слободни работни места, а во Пробиштип 219 слободни работни места.

Кај струмичките компании пак има 194 слободни работни места.

Само во Свети Николе нема ниту едно слободно работно место, односно ниту една компанија нема оглас за вработување во овој град.

Ако се гледа по дејности, најголем дел од слободните работни места се во трговијата, односно вкупно 1.614, потоа следи преработувачката индустрија со отворени 1.450 слободни работни места, додека пак во градежништвото има побарувачка за 707 работни места.

Најбарани професии според податоците на Агенцијата за вработување се продавач, хигеничар, келнер,обичен работник и шивач.

Промовирани огласи »

Првото продадено пенкало во светот вреди колку цел телефон...

Првото хемиско пенкало во Америка е продадено за 12,50 долари, а таа цена денес е еквивалентна на 164 долари според нејзината вредност, пресметано според инфлацијата на доларот.

Се разбира, денеска работиме со високи суми на пари, но не вредат толку колку порано.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »