Промовирани огласи »

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство во компанијата ДУНА.

Скратеното работно време, информираат од компанијата, ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време.

Менаџерскиот тим на ДУНА вели дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата. Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена.

Поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина. Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање, велат од менаџментот на ДУНА.

Промовирани огласи »

Низ Скопје коли се паркираат кој каде стигне. На булевари, плоштади, Кеј 13 Ноември, пешачки патеки и зеленило. 

И покрај тоа што секојдневно се казнува за несовесно паркирање, но граѓаните пак паркираат кај стигнат. Дневно со пајак возилата се подигнуваат по 40 автомобили, а со блокатори се казнуваат околу 60 граѓани.

За да се задоволи потребниот број паркинг места, според анализите на градското јавно претпријатие потребно е да се изградат 4 монтажни катни гаражи.

Од ЈП „Градски паркинг“ на годишно ниво се подигаат околу 30.000 возила, а на месечно околу 2.500. 

Колку паркинг места му недостасуваат на Скопје, се уште нема точна и прецизна информација од страна на надлежните. 

Скопје постојано се проширува, а со тоа се зголемува и потребата од нови паркинг места. 

Промовирани огласи »

Облечени сте за успех, квалификувани сте за позицијата, имате искуство и добра едукација, се претставивте во убаво светло, па зошто не Ве повикуваат? Се консултиравме со експерти за вработување и други професионалци за совет зошто после сето ова не Ве викаат на втор разговор.

1. Не сте доволно ентузијасти за позицијата

Да се биде квалификуван е клучно, но исто толку е важно и покажувањето на вашата харизма за позицијата. Eдна од причините поради која не избираат да одат напред со Вас после првото интервју е тоа што не изгледате доволно возбудени или воопшто не сте возбудени за тоа дека ќе соработувате со нив, пренесува KARIERA.mk.

2. Не го покажувате Вашиот талент доволно 

Една од причините што луѓето не се паметат по интервјуто е тоа што тие не се поврзуваат со потребите на интервјуерот. Важно е да запомните дека на компанијата и е потребна исполнета работна позиција, и кога ќе ги поврзете своите вештини и таленти со потребите на компанијата, имате многу голема шанса да бидете запаметени, пренесува KARIERA.mk.

3. Не ти е денот за интервју

Успешно интервју  е уметност како и повеќето форми на уметност, колку повеќе пракса, толку подобри ќе бидете. Вежбајте, вежбајте и повторно вежбајте велат експертите.

4. Делувате премногу самоуверено

Фалење на своите достигнувања и претерана самодоверба може да има контраефект. Ќе бидете запаметени, но на погрешен начин. Подобар пристап е да го слушате интервјуерот, да ги разберете нивните проблематики и да објасните како ги користевте своите вештини во минатото за да решите слични проблеми, пренесува KARIERA.mk.

5. Изгледате очајно

Наспроти она што мислат некои кандидати, покажувајќи колку сакате да ја напуштите сегашната работа за да се приклучите во оваа нова компанија, нема да Ви донесе дополнителни поени. Дури и ако ова е навистина она што го сакате, никој не сака да ангажира некој на кој само му е потребна работа заради своја корист. На прашањето зошто ја сакате работата, обидете се да објаснете како Вие и компанијата ќе имате успех заедно.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на Mинистерството за финансии.

За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.

Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади,како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.

Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9 проценти, а за третата и четвртата година 3,9 проценти.

Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.

За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата  изнесува 11.900 евра.

Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.

Дополнително корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

Новина има и кај моделот “Купи куќа за возраст над 35 години“. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција.

За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80 проценти од учеството за куќата.

Прирачникот може да го превземете со клик тука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »