Промовирани огласи »

На вчерашната седница Владата даде поддршка за воведување на БРТ или „Бас рапид транзит“ на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори).

Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето – велат од Владата.

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

Промовирани огласи »

За интересна приказна, па и симпатија меѓу лавовите, информираа денеска од ЗОО Скопје од каде велат дека лавот Жика и новата жителка на градината, лавицата Акети, сега се во заедничко живеалиште. 

Лавот Жика и лавицата Акети сега живеат заедно во заедничко живеалиште. Имаа подолг период на запознавање и адаптација, а Акети која во Скопје Зоо пристигна пред неколку месеци веднаш покажа симпатии кон Жика. Кој вели дека во животинскиот свет нема љубов?, пишуваа од ЗОО Скопје.

Да се надеваме дека овие прекрасни животни во иднина ќе не израдуваат со нов член на скопската зоолошка градина.

Промовирани огласи »

Голем број на студенти веруваат дека добивањето на факултетска диплома и позајмување големи студентски заеми е единствениот начин за вработување на водечките компании во светот, како што се „Епл“, „Гугл“ и „Нетфликс“. Сепак, тоа не е секогаш точно, пишува Бизнис инсајдер.

Кук неодамна изјави дека околу половина од вработените во „Apple “ немаат факултетско образование. Овие информации се наменети за американски работници. Тој заклучи дека многу колеџи не ги учат потребните вештини на пазарот на трудот, како што е кодирањето.

Реномирани компании како Google и Apple вработуваат работници кои имаат вештини потребни за да ја извршат работата, со или без диплома. LinkedIn откри дека многу од најголемите компании денес не бараат од вработените да имаат факултетско образование. По понатамошна анализа на податоците, LinkedIn идентификуваше специфични позиции кои веројатно ќе ги пополнат оние без диплома, вклучувајќи електрични инженери, механички дизајнери и претставници на маркетингот.

Но, без оглед, барем засега, се чини дека факултетските степени се исплаќаат. Работниците со основни студии заработуваат повеќе од 932 американски долари неделно од просечниот работник, според неодамнешниот извештај од Бирото за статистика на трудот на САД.

Промовирани огласи »

По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство во компанијата ДУНА.

Скратеното работно време, информираат од компанијата, ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време.

Менаџерскиот тим на ДУНА вели дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата. Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена.

Поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина. Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање, велат од менаџментот на ДУНА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »