Облечени сте за успех, квалификувани сте за позицијата, имате искуство и добра едукација, се претставивте во убаво светло, па зошто не Ве повикуваат? Се консултиравме со експерти за вработување и други професионалци за совет зошто после сето ова не Ве викаат на втор разговор.
1. Не сте доволно ентузијасти за позицијата
Да се биде квалификуван е клучно, но исто толку е важно и покажувањето на вашата харизма за позицијата. Eдна од причините поради која не избираат да одат напред со Вас после првото интервју е тоа што не изгледате доволно возбудени или воопшто не сте возбудени за тоа дека ќе соработувате со нив, пренесува KARIERA.mk.
2. Не го покажувате Вашиот талент доволно
Една од причините што луѓето не се паметат по интервјуто е тоа што тие не се поврзуваат со потребите на интервјуерот. Важно е да запомните дека на компанијата и е потребна исполнета работна позиција, и кога ќе ги поврзете своите вештини и таленти со потребите на компанијата, имате многу голема шанса да бидете запаметени, пренесува KARIERA.mk.
3. Не ти е денот за интервју
Успешно интервју е уметност како и повеќето форми на уметност, колку повеќе пракса, толку подобри ќе бидете. Вежбајте, вежбајте и повторно вежбајте велат експертите.
4. Делувате премногу самоуверено
Фалење на своите достигнувања и претерана самодоверба може да има контраефект. Ќе бидете запаметени, но на погрешен начин. Подобар пристап е да го слушате интервјуерот, да ги разберете нивните проблематики и да објасните како ги користевте своите вештини во минатото за да решите слични проблеми, пренесува KARIERA.mk.
5. Изгледате очајно
Наспроти она што мислат некои кандидати, покажувајќи колку сакате да ја напуштите сегашната работа за да се приклучите во оваа нова компанија, нема да Ви донесе дополнителни поени. Дури и ако ова е навистина она што го сакате, никој не сака да ангажира некој на кој само му е потребна работа заради своја корист. На прашањето зошто ја сакате работата, обидете се да објаснете како Вие и компанијата ќе имате успех заедно.