Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска пред пензионерите во Битола најави дека идната година просечната пензија ќе достигне до 15.500 денари. 

Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари, рече Царовска.

Царовска истакна дека дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 отсто и за 5 проценти на просечната плата.

Илија Ивановски, заменик директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување нагласил дека со пензиската реформа само за една година е направена заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10 отсто. 

Пензиите се зголемуваат во време кога 11 месеци по ред пензиите се исплаќаат без позајмици и кога спроведувањето на пензиската реформа даде одлични резултати, рече Ивановски.

Претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова рече дека зголемена пензија ќе добијат над 320 илјади пензионери. Претседателот на Здружението на пензионери на Битола Томе Димитровски истакна дека Битола е град со над 18.000 пензионери, а повеќето од нив добиваат просечна пензија.

Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.

Промовирани огласи »

На вчерашната седница Владата даде поддршка за воведување на БРТ или „Бас рапид транзит“ на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори).

Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето – велат од Владата.

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

Промовирани огласи »

За интересна приказна, па и симпатија меѓу лавовите, информираа денеска од ЗОО Скопје од каде велат дека лавот Жика и новата жителка на градината, лавицата Акети, сега се во заедничко живеалиште. 

Лавот Жика и лавицата Акети сега живеат заедно во заедничко живеалиште. Имаа подолг период на запознавање и адаптација, а Акети која во Скопје Зоо пристигна пред неколку месеци веднаш покажа симпатии кон Жика. Кој вели дека во животинскиот свет нема љубов?, пишуваа од ЗОО Скопје.

Да се надеваме дека овие прекрасни животни во иднина ќе не израдуваат со нов член на скопската зоолошка градина.

Промовирани огласи »

Голем број на студенти веруваат дека добивањето на факултетска диплома и позајмување големи студентски заеми е единствениот начин за вработување на водечките компании во светот, како што се „Епл“, „Гугл“ и „Нетфликс“. Сепак, тоа не е секогаш точно, пишува Бизнис инсајдер.

Кук неодамна изјави дека околу половина од вработените во „Apple “ немаат факултетско образование. Овие информации се наменети за американски работници. Тој заклучи дека многу колеџи не ги учат потребните вештини на пазарот на трудот, како што е кодирањето.

Реномирани компании како Google и Apple вработуваат работници кои имаат вештини потребни за да ја извршат работата, со или без диплома. LinkedIn откри дека многу од најголемите компании денес не бараат од вработените да имаат факултетско образование. По понатамошна анализа на податоците, LinkedIn идентификуваше специфични позиции кои веројатно ќе ги пополнат оние без диплома, вклучувајќи електрични инженери, механички дизајнери и претставници на маркетингот.

Но, без оглед, барем засега, се чини дека факултетските степени се исплаќаат. Работниците со основни студии заработуваат повеќе од 932 американски долари неделно од просечниот работник, според неодамнешниот извештај од Бирото за статистика на трудот на САД.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »