Промовирани огласи »

Грант Торнтон има потреба од ПРАВЕН СОВЕТНИК - АДВОКАТ: https://kariera.mk/job/CtUb8PMadEadcmE5nQYsAA/praven-sovetnik-advokat

Нето плата 60.000 денари за работа како МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР во НЈСК Холдинг: https://kariera.mk/job/JwFMpYh2o0K2TRqC-gf6Mg/mashinski-inzhener

Artigum GmbH е компанија за вработување и регрутира медицински сестри од различни земји за клиенти во Германија. Има отворено работно место за ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ: https://kariera.mk/job/mzp7uFemj0GgDC2Dq4En2Q/finansiski-asistent

Термалифт, водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи има потреба од ФАРБАР / АВТО ЛАКЕР: https://kariera.mk/job/T5wIXL5wi0-e6VEufB7RXQ/farbar-avto-laker

Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи има потреба од КОМЕРЦИЈАЛИСТ со средно образование за работно место - продажба на домашен пазар: https://kariera.mk/job/YJ60d8cn20qi9qAXjVLoag/vrabotuvanje-na-komercijalist

Промовирани огласи »

Копирање и недостаток на податоци на профилот ќе остави лош впечаток за Вас, кога ќе се обидете да градите конекции на LinkedIn. При што, бројот на профили на LinkedIN се приближува до милијарда, да се истакнете е од суштинско значење. Повелете пет трикови кои ќе ви дадат предност во овој преполн, но витален дигитален простор, пренесува KARIERA.mk.

1. ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА НАСЛОВ

Вашиот наслов е еден од најважните аспекти во профилот на LinkedIn. Зошто? Неговата улога е да привлече внимание и да ги натера посетителите да сакаат да знаат повеќе за Вас. Сепак, предизвик е што во овој елемент LinkedIn ви дава само 120 карактери за привлекување гледачи (ако користите десктоп верзија на LinkedIn за да креирате или ажурирате наслов). Но, кога користите мобилна апликација, добивате двојно повеќе простор за пишување на овие клучни зборови. Така е, наместо 120 карактери, добивате 240 на апликацијата, пренесува KARIERA.MK.

2. ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО РЕЗИМЕ

Во повеќето резимеа, луѓето започнуваат со: “Јас сум директор за маркетинг за...”. Прво, веќе сте воспоставиле важност со вашиот наслов - јасно треба да ја наведете вашата моментална улога и компанија. Не трошете простор повторувајќи го истото. Второ, не правете ништо за да натерате некој да сака да знае повеќе за вас ако вашето резиме се фокусира на насловот за работното место. Најновата верзија на LinkedIN, на посетителите им ги покажува само првите две или три реда од вашето резиме. Посетителот треба да кликне на „види повеќе“ за да ја добие целата приказна. Затоа, прескокнете ги ингеренциите и започнете го вашето “About Me” со нешто интересно, провокативно или интригантно, пренесува KARIERA.mk.

3. СТАВЕТЕ ПРИОРИТЕТ НА СЛИКИТЕ

Луѓето ги гледаат вашите мултимедијални постови повеќе од вашиот текст. Ако сакате да влијаете врз луѓето што Ве прегледуваат, воспоставете мултимедијална стратегија за Вашиот профил. Направете го тоа на овие два начина:

  • Додадете слики во “About Me”
  • Заменете ја здодевната сина стандардна позадина со слика што ја изразува вашата работа, пренесува KARIERA.mk

4. ПИШУВАЈТЕ СТАТИИ

Прво, тоа покажува дека имате нешто да кажете. Користете го за да го покажете она по што сакате да бидете познати. Второ, одлично се одликува на вашиот профил - тоа е четврто поле за содржина - пред Вашето искуство, пренесува KARIERA.mk. И насловот и сликата се видливи, дури и ако луѓето не кликнат на него, тоа го прави Вашиот профил да изгледа различен, додавајќи визуелна привлечност.

5. "ВОДЕТЕ" СО ВАШИТЕ НАЈВАЖНИ ВЕШТИНИ

Кога некој ќе го провери Вашиот профил, тие ги гледаат само првите три вештини за кои сте добиле најмногу одобренија. Треба да бидете сигурни дека во Вашите топ три вештини стојат тие што се одбрани според овие два критериуми: Вие ги поседувате тие вештини, тие Ви помагаат да Ве позиционираат за она што е следно. Тоа значи дека тие треба да бидат автентични, пренесува KARIERA.mk. Затоа, погледнете го Вашиот профил и поставете го ова прашање: Дали моите три одлични вештини се оние што ќе ми бидат најкорисни? Ако одговорот на тоа прашање e не, не грижете се. KARIERA.mk Ви пренесува трик. Кога сте во делот уредување во LinkedIn, можете да го промените редоследот на Вашите одобренија, така што најважните вештини ќе се појават одозгора. Само отидете во делот за уредување, кликнете на иконата со молив во делот за вештини, а потоа ќе видите три хоризонтални линии десно од секоја вештина. Преуредете ги, така да водите со оние што ќе Ви бидат најкорисни, пренесува KARIERA.mk.

Овие пет совети ќе имаат големо влијание врз моќноста на Вашиот профил - без да имате негативно влијание врз Вашето време и енергија.

Промовирани огласи »

На само 20 дена пред истекот на законската обврска на работодавачите да исплатат К15, работничките здруженија со се погласни реакции за манипулациите што ги прават некои газди за да се „спасат“ од обврската за регресот.

„Ова сега е експлоатација, неевидентирана и неплатена во најголем број од фирмите. Зголемен обем на работа е нешто најглупаво и манипулативно што може да се измисли и стави во закон. Кој одредува колку е зголемен обемот на работа, газдата? Нив се им е малку. И да се направи статистика , ако толку им е зголемен обемот на работа, да си вработат луѓе, а не еден да им работи за четворица“, напиша Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ на својот фејсбук профил. 

Таа за Фактор вели дека и во сегашниот Закон за работни односи и колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството, стои и е определено во кои случаи работодавачот може да наложи прекувремена работа. 

„Обично во овој сектор каде работиме ние, работодавачите пријавуваат прекувремена работа поради зголемен обем на работа. Меѓутоа, често пати ниту пријавуваат, ниту ги евидентираат тие прекувремени часови, што значи не ги ни плаќаат. Инаку, не смеат да изнесуваат повеќе од 190 часа годишно. Значи тие имаат зголемен обем на работа, а на крајот на годината пријавуваат загуба за да не исплатат К15“, ја објаснува Ампева манипулацијата.

Според неа, ова се прашања кои лебдат во воздух и никој не се чувствува повикан да одговори. 

„Работниците и работничките се сведоци дека газдите живеат на висока нога, купуваат џипови пред крајот на годината, а исплаќаат К15 во износ од 2.000 или 3.000 денари“, нагласува Ампева.

Проблемот, според неа, произлегува што во колективниот договор стои дека фирмите кои имале економско финансиски потешкотии, можат да исплатат помала сума за регрес за годишен одмор. Но, која е помалата сума, не е прецизирано.

„Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците“, вели Ампева. 

Таа нагласува дека работничките здруженија и синдикати овој проблем го гледале со години, но на него не можеле да делуваат. 

„Е сега, Упрацата за јавни приходи треба да даде одговор како тоа фирмите пријавуваат загуба, а купуваат џипови“, вели Ампева од „Гласен текстилец“.

Промовирани огласи »

Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Со новите модели, проектот ги таргетира и младите и повозрасните граѓани, и оние кои се во брак и оние кои не се. Сите граѓани кои сакаат да аплицираат за проектот можат на едно место да се информираат и од Министерството за финансии и од банките и од градежните компани на саемот „Купи куќа,купи стан“ кој се одржува до недела во Скопје Сити Мол, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска посетувајќи ги изложувачите на саемот.

Секој заслужува да има сопствен дом, а преку проектот „Купи куќа, купи стан“ и субвенционирање на станбениот кредит, државата дава поддршка тогаш кога е најпотребно - на почетокот.„Купи куќа, купи стан“ од годинава има значително подобри услови, кои сакавме да им ги претставиме на граѓаните.Најважно, намалена е каматната стапка на проектот на 2,9% за првите три години и на 3,9% за четвртата и петтата година. Ова се меѓу најповолните услови во моментот на пазарот. Само по овој основ граѓаните заштедуваат 1.300 евра на камати. Концептот е разработен со повеќе модели за купување на стан или куќа, за млади, но и за повозрасни граѓани, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.- рече Ангеловска.

Од Македонската банкарска асоцијација, од каде 8 банки-членки се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“ истакнаа дека ги поздравуваат новите услови за проектот и новите каматни стапки, кои заедно со субвенциите од државата го прават проектот атрактивен.

-На пример, кај новиот модел „Купи стан за млади“ за клиенти со возраст до 35 години со новите каматни стапки и субвенција од 70% од ратата за првите 5 години што ја дава државата за станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, бенефитот за клиентот на кракј на периодот на отплатата е како да земал станбен кредит со 0,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години. Во оваа ера кога милениумците копнеат по самостојност и независност ова е извонредна можност за исполнување на нивната желба – рече Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација.

Од Градежната комора при сојузот на Стопански комори нагласија дека го поддржуваат проектот уште од самиот почеток и дека овој проект е поддршка за градежништвото. 

Од почеток на проектот Комората го поддржува и учествува во работењето на проектот. На барање на Градежната комора кое беше адресирано до Министерството за финансии со цел да продолжи повластаената стапка за ДДВ за нови станови наидовме на разбирање од страна на Министерството за финансии и Владата и продолжен е до 31 декември до 2023. Тоа е една од поволностите која ги интересира граѓаните – рече Ивица Јакимовски претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува повеќе нови модели кои имаат поволни услови за младите до 35 години, но и за граѓаните со возраст над 35 години. Преку моделот „Купи стан за млади“ за граѓани до 35 години, државата субвенционира 70% од месечната рата од кредитот во рок од 5 години или 70% од учеството, а субвенцијата која може да се добие преку овој модел е и до 12.000 евра. За младите има и модел „Купи куќа за млади“ каде се субвенционира 100% од учеството за кредит или 11 години се субвенционира ратата и тоа 60% првите три години, 50% следните пет години и 40% следните три години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 20.830 евра, која е и најголемата субвенција која се нуди преку овој проект.

За граѓаните над 35 години има модели како „Купи куќа за над 35 години“ каде државата субвенционира 80% за учеството за куќа, или 80% од ратата во првите 5 години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 13.600 евра.Има модели и со кои се поддржува надградба или доградба на куќа. Концептот е разработен, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.

Уште една новина е дека за секое новородено или посвоено дете во првите десет години од користење на кредитот се предвидува дополнителна едногодишна субвенција од 30% од ратата. Оваа мерка е во насока на поттикнување на наталитетот во земјава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »