Промовирани огласи »

Официјално од 15 Декември односно од вчера почна и наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“.

Право на учество имаат сите оние кои скенираат фискални сметки а она што треба да го знаете ако сте и вие еден од скенирачите е дека ќе имате трикратна корист.

Тоа всушност значи можност за добивање на една од паричните награди до 3.000.000 денари, второ поврат на ДДВ и трето придонесувате во борбата против сивата економија. 

За да бидете дел ид наградната игра, треба да сте регистрирани на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати  условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Вкупниот фонд на награди е 3.852 во вкупен износ од половина милион евра а имајте на ум и дека секој ден се скенираат фискални за 10 дневни награди - 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари.

Повеќе детали може да прочитате на овој линк

Започнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“
  

Промовирани огласи »

Зголемен број претставки за вознемирување на работното место се евидентирани годинава. До канцеларијата на народниот правобранител заклучно со ноември се поднесени 24 претставки, што е трикратно зголемување во споредба со лани, кога имало само осум претставки по оваа основа.

Информациите од Основен граѓански суд Скопје до кои дојде МИА покажуваат дека се евидентирани вкупно 12 предмети по оваа основа, од кои три се решени, а останатите се во тек.

– Споредбено со 2018 година, кога биле евидентирани седум предмети со бараната основа, во 2019 година е евидентно зголемување на бројот на предметите со основа мобинг – велат од Основен граѓански суд Скопје за МИА.

Ова покажува дека работниците сè повеќе стануваат свесни, го препознаваат и го пријавуваат мобингот, но од друга страна засегнатите во оваа проблематика укажуваат дека има одредени проблеми при имплементацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според нив, решавањето на оваа негативна појава бара сериозен пристап од сите чинители во општеството, а мора да се работи и на планот на едукација на работниците за остварување, унапредување и заштита на нивните права.

– Психичкото вознемирување на работното место претставува кршење на основните човекови права загарантирани со највисоките прописи во Република Северна Македонија кои се темелат врз меѓународните стандарди. Тоа е негативна појава на работното место која има последици врз физичкото и менталното здравје на работниците, а истовремено влијае врз семејната хармонија, продуктивноста и квалитетот на работата. Психичкото вознемирување на работното место, како широко распространета негативна појава, бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување – велат од Сојузот на синдикати, кои беа и иницијатори за донесување на Законот во 2013 година.

До правната служба при ССМ во првата половина од годинава било пристигнато само едно обраќање, кое е решено спогодбено, но она што е специфично е дека евидентираат зголемен број поплаки од работници кои не се членови на синдикатот.

– Правниците на ССМ во седиштето во Скопје и во регионалните синдикални претставништва и синдикални канцеларии ги преземаат сите законски дејства и постапки за заштита на работничките права на своето членство. Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирување на работнoто место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, истакнуваат од ССМ во одговорот што го побара МИА.

Во 2013 година, кога стапува во сила Законот за заштита од вознемирување на работното место, ССМ евидентира осум обраќања врз основа мобинг, а веќе следната година седум обраќања. Во 2015 година во ССМ имало три обраќања, во 2016 година едно обраќање, додека во 2017 и 2018 година до ССМ не пристигнало ниту едно обраќање од член на синдикат за мобинг.

– Во некои случаи се изготвени обраќања до работодавачот и до лицето кое е посочено како вршител на вознемирувањето, во три случаи се изготвени тужби, а во еден случај е водена судска постапка, која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите се надминати спогодбено по пат на разговор и советување со учество и посредништво и на синдикалните претставници на ССМ – информираат од Синдикатот.

Позитивно решен судски спор за мобинг, поттик за работниците и предупредување за моберот

Првата пресуда за мобинг во Македонија е донесена во 2016 година. Тужителот беше лице вработено во институција од јавниот сектор, подложен на мобинг правен со повеќе дејства и од страна на повеќе лица. Мобингот му бил правен така што не му бил даван годишен одмор, бил ставен во изолација, не му биле давани работни задачи, а еден период не му бил даван ниту електронски пристап до информации ниту, пак, бил испраќан на обуки. Сите овие факти биле докажани во постапката, која резултира со првостепена пресуда во корист на тужителот.

Во Основниот граѓански суд Скопје беше донесена и првата пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд. Имено, Граѓанскиот суд одлучи дека поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски, вршел мобинг врз вработениот во човечки ресурси Горан Стаменковски.

Експертите сметаат дека судскиот спор решен во корист на работникот врз кој е извршен мобинг е доволен поттик за останатите работници кои се жртви на мобинг да ги побараат своите права, а од друга страна, пак, решените судски пресуди во корист на жртвата на мобинг би ги одвратиле лицата кои вршат мобинг од ваквите дејства.

Во Европа највисока отштета за мобинг – 800 илјади фунти

Највисоката отштета за мобинг исплатена во Европа изнесува неверојатни 800 илјади фунти. Имено, извесна Хелен Грин од Велика Британија ја тужела „Дојче банка“ бидејќи на работното место четири години преживувала мобинг од нејзиниот претпоставен Ричард Елистон и уште од четири нејзини колешки.

Високиот суд во Лондон пресудил дека таа претрпела малтретирање на работното место, па затоа фирмата во која работела треба да ја обесштети за 800.000 фунти. Судот одлучил дека банката не презела ништо за да се спречи психичкото вознемирување на вработениот, па затоа целиот товар паѓа на компанијата заедно со сите судски трошоци.

Веднаш по пресудата, од банката се изјасниле дека ќе ја почитуваат судската одлука и ќе ѝ ја исплатат отштетата на Грин. Таа останала и понатаму на своето работно место во Секретаријатот за поделба на работата, во седиштето на „Дојче банка“ во Лондон.

Мобингот предизвикува и здравствени последици

Мобингот е широко распространета појава, која остава здравствени и психолошки последици кај лицето жртва на мобинг. За жал, луѓето честопати не се свесни дека се жртви на мобинг и им е потребно многу време за да сфатат. Затоа, според синдикатите, од голема важност е превенцијата, односно едукацијата, со цел работниците навреме да ги препознаат видовите и облиците на мобинг.

МИА

Промовирани огласи »

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Секој ден се скенира за 10 дневни награди – 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус добиваат сериски броеви кои ќе влезат во месечниот циклус за 15 награди од по 100.000 денари, како и за двете премии од 3.000.000 денари.

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и две главни премии од по 3.000.000 денари.

За да учествува во наградната игра, лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.

Извлекувањето на дневните награди ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број со кој учествуваат во извлекувањата во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

Извлекувањето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо од студиото каде се одвива Лото извлекувањето веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер. Првото извлекување за 15 награди од по 100.000 денари ќе биде на 4 јануари 2020.

За сите дополнителни прашања граѓаните можат да се обратат до контакт центарот на Државна лотарија, или страната loto.mk/MojaNagrada.

Од денеска граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист: можност за добивање на една од паричните награди до 3.000.000 денари, второ поврат на ДДВ и трето ќе придонесуваат во борбата против сивата економија. При презентација на наградната игра министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека МојДДВ #МојаНаграда е креирана по најдобри практики на наградни игри во други земји за адресирање на сива економија. Со наградната игра граѓаните добиваат мотивација плус да бараат и скенираат фискални сметки и со тоа да влијаат на намалување на даночната евазија која е штетна за економијата .„Единствено кога губи сивата економија, добиваат сите“, рече Ангеловска.

Промовирани огласи »

Кола Логистика има потреба од ВОЗАЧ - 3 извршители: https://kariera.mk/job/CActnHhllUSG6tM4nxytnw/vozach

ФОРТОНМКА е водечка компанија во секторот на комерцијален недвижен имот, формирана како член на алијансата на Cushman & Wakefield (најголема светска приватна консултантска компанија во секторот на комерцијални недвижнини). Има отворени 2 работни позиции:

Ерак Груп има потреба од ХИГИЕНИЧАР/КА: https://kariera.mk/job/uwPbP42fZ0WO34roggNZxw/higienichar-ka

Нептун го проширува својот тим со РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА, НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ: https://kariera.mk/job/wmksRUNLKUqKT4cOs-w_JQ/referent-za-prodazhba-naplata-i-kreditiranje

АСД Профил е компанија која се занимава со изработка на сериски мебел и мебел по мерка и во моментов е во потага по СТОЛАР/МОНТЕР/ОПШТ РАБОТНИК: https://kariera.mk/job/X6D-xDtA80amOtXloEDSjg/stolar-monter-opsht-rabotnik

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »